Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.34

МЦМСМакедонскиот Центар за Меѓународна Соработка (МЦМС) финансиски ги поддржа активностите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши за превенција и заштита на децата од педофилија и сексуална злоупотреба. Активностите опфаќаат поддршка на децата жртви преку ЅОЅ телефонот за деца и млади и советувалиштето на Детската амбасада, одржување на едукативни работилници за деца и млади во училиштата како и во рамките  на Детските работилници при амбасадата, а во план е и печатење Водич за родители и деца за превенција од сексуална злоупотреба и педофилија.