Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.34


ЛОКАЛЕН ТРЕНИНГВо периодот од 26 до 28 Декември, 2008 година, Првата детска амбасада во светот Меѓаши, во Хотел Цар Самол, во Банско одржа тренинг на тема Специфики на контакт со трауматизирано дете ( Препознавање на емоционално, физичко и сексуално насилство и негрижа врз децата ).


На тренингот беа присутни вкупно 17 учесника, од кои 3 педагози, надворешни соработници на Детската амбасада Меѓаши, како претставници на основни училишта, а останатите учесници беа вработените и волонтерите од Детската амбасада кои работат на СОС телефонот за деца и млади (бесплатна линија) и бесплатната правна служба.

Предавач на тренингот беше:

Г- дин Антони Новотни, психијатар на Клиниката за Психијатрија во Скопје и професор на Медицинскиот факултет во Скопје.

Сите учесници имаа можност да се здобијат со професионално и стручно знаење од областа на психосоцијалната тематика за да им овозможи полесно и посоодветно препознавање на трауматизирано дете, како и семејства што имаат ситуации со трауматизирани деца од областа на емоционално, физичко и сексуално насилство. Исто така, тренингот даде знаења за препознавање на профил на насилник. Се зборуваше и за ситуации со кои се среќаваат сос операторите и како тие да се справат со различни видови случаи кои се пријавуваат на   СОС телефонот за деца и млади (бесплатна линија) и бесплатната правна служба.

 Тренингот изобилуваше со живи примери од секојдневието, се правеа вежби, чии резултати беа прикажани на крајот, а се заврши со евалуациони прашалници.

            На крајот од тренингот, Првата детска амбасада во светот Меѓаши, на сите учесници им врачи сертификати за учество на локалниот тренинг.