Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.34


Извештај за состојба со каси и честитки

Каси информатор

Во периодот од февруари до мај  во касичките за донации од страна на граѓаните што Првата детска амбасада во светот – Меѓаши ги постави низ цела Македонија, граѓаните дарувале вкупно 35.427,00 денари. Во овој период  полните касички беа заменети со нови на следниве локации: Тинекс ( Ѓорче Петров, Цветен Пазар, Шипад, Буњаковец), Хотел Карпош, ТЦЦ Плаза, Тедико ( Влае, Тафталиџе, Скопјанка) вкупно 13.100,00 денари, Тинекс – Куманово 2.707,00 денари, Аеродром Александар Велики 3.243,00 денари, Рамстор 4.211,00 денари и Рамстор 4.600,00 денари. Во текот на броењето и отварањето на касичките во комисијата присуствуваа следниве: Христина Георгиевска , Петре Близнаковски , Слободанка Богоевска, Магдалена Павловска,Бранимир Јанковски и Маја Фотевска.                                                                                                          

Им благодариме на граѓаните што со секоја нивна донација во касичките, ја покажаа нивната желба да ја поддржат работата на Првата детска амбасада во светот – Меѓаши.

 

Новогоишни честитки

Четврта година по ред Првата детска амбасада во светот – Меѓаши, со голема помош од страна на дечињата членови на ликовната работилница, изработија новогодишни честитки. Оваа година новогодишните честитки беа сите дупли од кои 5 мотиви беа нови, а 2 беа искористени од минатата година. Цената на истите беше 30,00 денари со вклучен плик, со исклучок на една честитка , а таа беше мотив 4 - 40,00 денари. Мотив 4 е со повисока цена, бидејки на самата честитка има петта златна боја која што самата боја чинеше повеќе од обичните. Како што кажав на почетокот мотивите на честитките се детска изработка , односно се делови од детски цртежи, кои што технички се дизајнирани од возрасни луѓе. Вкупната сума која што е собрана од новогодишните честитки изнесува 762.745,00 денари.Средствата што се собрани од продажбата на новогодишните честитки ќе се наменат за работа на Бесплатниот СОС телефон за деца и малди 0800 1 22 22, Борба против педофилија и секаков вид насилство врз децата, Дневен центар за деца на улица и Бесплатна правна служба.