Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.34


Децата и телесното казнување

 (1 mesec po zapo~nuvaweto na kampawata


VIDI, SLU[NI, KA@I)

Na nivo na Evropska Unija denes EURONET (evropskata mre`a na organizacii za detski prava ~ija ~lenka e Prvata detska ambasada vo svetot Me|a{i) po povod 10 dekemvri Denot na ~ovekovi prava zapo~na so potpi{uvawe na Dokumentot za poddr{ka za kampawata Stop na telesnoto kaznuvawe na decata vo semejstvoto. Vo izjavata koja EURONET }e ja upati do pretstavnicite na EU sodr`ani se preporaki protiv telesnoto nasilstvo i kaznuvawe na decata. Vo povikot do vladite na zemjite na EU, EURONET so ~lenkite poddr`uva~i povikuva na zabrana na telesnoto kaznuvawe na decata nasekade, vklu~uvaj}i go i doma{noto kaznuvawe, so preporaka, vo nacionalnite legislativi da se promovira i poddr`i odgovorno roditelstvo kako preventivna merka za izbegnuvawe na telesnoto kaznuvawee na decata. Pove}e informacii videte na http://www.stopcorporalpunishment.org/index.php?option=com_chronocontact&Itemid=68

Prvata detska ambasada kako potpisnik na ovoj dokument ja izrazuva svojata poddr{ka na EURONET i so istaknuvawe na rezultatite od kampawata VIDI, SLU[NI, KA@I tokmu denes, u{te edna{ ja potencira potrebata za itno eliminirawe na site formi na telesno kaznuvawe na decata vo semejstvata, u~ili{tata, ulicata, nasekade.    

Kusa aнализа на повиците на СОС телефонот за деца и млади

0 800 1 2222 (бесплатна линија)

за време на кампањата

ВИДИ, СЛУШНИ, КАЖИ

Вид на проблем
 7 Ноември 2008 –

7 Декември 2008
 
  1.Насилство
 
 36
 
  2. Семеен проблем
 3
 
  3. Информација
 2
 
  4. Правни работи
 2
 
5 Проблеми со старателство
 2
 
6. Дискриминација
 1
 
7. Користење и злоупотреба на психоактивни супстанции
 1
 
8. Институционален проблем
 1
 
9. Барање за старателство
 1
 
10. Лекарска негрижа
 1
 
11. Финансиска помош
 1
 
Вкупно разговори:
 51
 

Вкупно јавувања од 7 ноември до 7 декември се 90 од кои 51 биле разговори за одредени проблеми.

Во 2008 година (период јануари – октомври), од вкупно 251 јавување, на повиците поврзани со злоупотреба и насилство врз децата, процентот изнесува 32,5%, додека во 2007 тој изнесувал 13,4 %., а само за еден месец откако ја започнавме кампањата вкупно се извршени 51 разговор на СОС телефонот за деца и млади 0 800 1 2222 од кои 36 разговори поврзани со насилство или вкупно само за овој месец % на разговори поврзани со насилство е 70,6.
 
За илустрација, погледнато низ годините, тоа изгледа вака:

Вид на мотив
 94/95
 95/96
 96/97
 97/98
 98/99
 99/00
 00/01
 01/02
 02/03
 03/04
 04/05
 05/06
 06/07
 
Злоупотр.

и насилство
 3,5
 2,8
 8,4
 4,5
 6,3
 2,5
 9,1
 10,3
 14,2
 16,4
 18,5
 18,0
 13,4
 
Анализа на повиците поврзани со насилство od 7 Noemvri do 7 Dekemvri 2008

Вид на проблем
   
Семејно насилство
 15
 
Насилство на училиште
 12
 
Насилство на улица
 3
 
Сексуална злоупотреба
 2
 
Занемарување и негрижа на деца
 4
 
Вкупно:
 36
 
Во најголем број од случаите, односно вкупно 20 од нив, Детската амбасада Меѓаши испрати претставки до Народниот правобранител, а за останатите случаи на насилство се обраќавме до центрите за социјална работа, училиштата, полицијата, za postapuvawe soglasno odredbite vo Ustavot i zakonite na Republika Makedonija i prifatenite me|unarodni dokumenti za obezbeduvawe na najdobrite interesi na decata.

Резиме: врз основа на анализата на податоците од повиците на СОС телефонот за деца и млади и бесплатната правна служба при Детската амбасада Меѓаши може да се забележи дека кампањата ВИДИ, СЛУШНИ, КАЖИ резултираше со двојно зголемен % на јавувања поврзани со насилство во споредба со првите 10 месеци од оваа година.  Очекувавме дека со кампањата ќе имаме зголемен процент на јавувања исклучиво поврзани со семејното насилство, но останавме изненадени поради фактот што речиси ист е процентот на пријавени случаи на насилства во училиштата. Впрочем, од сите овие јавувања може да се констатира дека насилството врз децата го има насекаде, во смејството, во училиштето, на улица...Сето тоа ја покажува потребата од спроведување понатамошни активности кои ќе помогнат децата, родителите и граѓаните да не молчат за насилството, да го пријавуваат навремено, а сервисите на Детската амбасада за директна помош на децата (како што се СОС телефонот и бесплатната правна служба) навремено да интервенираат до државните институции за да се заштитат децата од насилство и злоупотреба.

                                                                                                            ________________________________
Опис на  неколку случаи пријавени на СОС телефонот за деца и млади

0800 1 2222 при Првата детска амбасада во светот- Меѓаши

Датум: 11.11.2008 година

Родителот С. О. ни се обрати со цел да пријави случај во кој нејзините две деца на возраст под 10 години се жртви на психичко насилство од страна на нивниот татко З. С. Инаку, лицето С.О.  неодамна била жртва на физичко насилство од страна на нејзиниот сопруг  со кого се во бракоразводна постапка. Децата биле информирани по телефон од страна на нивниот татко дека нивната мајка е тепана од него, така што ја чекале и виделе дека нејзината облека е со крв, а телото со модрици. Исто така, С.О. изјави дека таткото постојано им се јавува на децата на телефон и психички ги малтретирал децата, така што при секое звонење на телефонот, се плашеле и доживувале трауми, се плашеле да подигнат слушалка и цело време биле под стрес. Според изјавата на лицето С.О., децата почнале да избегнуваат контакти со нивните другарчиња и да играат на улица, бидејќи неодамна З.С. дошол на улица и пред сите почнал да се кара со С.О. Од тој ден децата се чувствувале засрамени и се плашеле да не им се случи повторно истото.  Покрај молењето и плачењето на детето А.С., таткото ги следел и ги пресретнувал неколку пати, и се плашел да излегува надвор. Мајката двапати го изгубила работното место поради тоа што З.С. и се заканил на газдарицата каде што работи, дека ќе досадува секојдневно, доколку не ја отпуштела С.О. од работа. За овој случај реагиравме до Народен правобранител и за истиот се преземени соодветни мерки.

Датум: 24.11.2008година

Во просторииите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши се обрати родител- мајка Д.М. од внатрешноста за да пријави случај на негрижа и запоставување на нејзините две деца од страна на нејзиниот поранешен сопруг и бара да се преиспита донесената судска одлука од бракоразводната парница за старателство над децата, 9- годишната К.Д. и 7- годишниот Г.Д. Според мајката, откако децата биле под старателство на својот татко, тој на децата им забранил секаков контакт со неа, така што биле под стрес и биле исплашени да не бидат казнети од негова страна доколку стапеле во контакт со неа. Мајката кај Г.Д. забележала изгореници и модринки по неговото тело кој според неа ги добил од неговиот татко заради тоа што сакал да оди кај неа. Децата биле запуштени и имале незадоволителен неуспех во училиште. Инаку, со решение од ЦСР мајката имала право да ги гледа децата во одредени периоди, но таткото  тоа го оневозможувал на секаков можен начин со заплашување и заканување на децата. Мајката ги немала видено децата 3 години, и и било забрането да ги посетува децата во училиштето каде што учат, бидејќи таткото вршел притисок врз директорот на училиштето, како и врз самата наставничка, која што ја замолила мајката да не доаѓа повеќе заради тоа што таа после си имала проблеми. Затоа мајката на децата контактирала телефонски со наставничкта и на тој начин го следела нивниот развој. Инаку таткото на децата, не бил вработен а живеел во стан на неговата мајка. За овој случај е реагирано до Народен Правобранител и постапката е во тек.

Датум: 24.11.2008 година

Мајка на 7- годишно дете пријави случај во кој што  учителката го нарекувала нејзиното дете ретардирано и истата правела притисок да се исклучи од класот. Според мајката, една родителка дури и дала предлог се однесе детето на невропсихијатар. Против истата учителка, минатата година била поднесена петиција. Мајката само го пријави овој случај, и за истиот зела адвокат, а доколку имала прболеми, ќе ни се јави повторно.

Датум: 28.11.2008 година

Анонимно лице пријавува случај во кој возрасна жена која живеела сама одредено време, бидејќи нејзиниот сопруг бил на привремена работа во странство и има две малолтени деца, едното на возраст од 5-6 години, а другото на возраст од 14 години, заведувала малолетни деца во нејзината куќа во град од внатрешноста. Јавувачот ни изјави дека скоро неколку месеци кај неа оделе малолетни деца. Јавувачот неколку пати реагирал до МВР- одделение за малолетна деликвенција, но ништо не презеле и рекле дека не можат тие да реагираат. По некое време, жената почнала да живее со едно полнолетно  момче од ромска националност, кое одело навечер, а децата биле заклучувани во својата соба. Според јавувачот по некое време настанало расправија меѓу жената и момчето по што таа го прободела со нож три пати, и истото било однесено во болница, а полицијата не реагирала, веројатно случајот бил затворен со оправдание дека тоа било во самоодбрана. За овој случај е реагирано до Народен Правобранител.

Датум: 28.11.2008 година

Се јави родител- татко кој пријавува случај на несовесно мајчинство од страна на неговата поранешна партнерка. Тој со поранешната партнерка имаат две вонбрачни деца и тоа  П. В.(околу 3 години) и К.В. (околу 1 година). За несовесното мајчинство дознал од неговите соседи кои забележале дека таа ги оставала децата сами и по неколку дена, за што и самиот се уверил, но кога ги викнал од ЦСР да дојдат, таа разбрала за тоа и веднаш дошла, така што ЦСР не презеле ништо. Инаку тој не информира дека таа примала помош од ЦСР, како самохрана мајка. Што се однесува до  родителите на мајката на децата, тој изјави дека тие не биле заинтересирани за нејзе и за децата, додека неговата мајка била спремна да потпише старателство.Упатен е да се јави кај Народен Правобранител

Датум: 01.12.2008 година

 

Лицето Т. К. се јави  со цел да добие информација каде може да се пожали од насилството што го вршела наставничка во основно училиште кое се водело како „елитно“. Имено според јавувачот, наставничката постојано ги навредувала децата со најпогрдни зборови: „мајмуни, марсовци, будали“. Често се случувало и да ги удира децата по глава, ги мавала со креди, со тетратки, книги. Лицето се обратило и кај класниот раководител со цел да го пријави несоодветното однесување на наставничката, на што му било одгворено дека тоа се случувало со години, но поради партиска припадност на наставничката и поради долгогодишното работење, никој не и можел ништо. Исто така, јавувачот не информира и дека наставничката постојано разговарала на мобилен телефон, доцнела на часови или пак ги напуштала порано. Што се однесува до родителите на другите деца, немало поплаки од нивна страна. Според нашиот јавувач наставничката продавала козметика и учениците ги оценувала според она што ќе го купеле од неа. Лицето е упатено до Народен Правобранител.

Датум: 04.12.2008 година

Се јави лицето Г.С.. која пријавува случај на семејно насилство врз нејзината  внука Е.П. од страна на нејзината мајка И.П.. Според Г.С. девојчето било на 9-  годишна возраст и изјави дека мајката го тепала заради тоа што не можело брзо да работи и да ја среди куќата, и ако не била извршена работата било тепано заради тоа. Насилството траело скоро две години, а во куќата  постојано се слушало врискање, викање и плачење. Таткото на девојчето, пак не сакал да се меша во тоа и бил крајно незаинтересиран. Реагирано е до ЦСР и Народен Правобранител.

Датум: 06.12.2008 година

На СОС телефонот се јави 14- годишно девојче М.Т. која живеела само со својата мајка во стан под кирија околу две години, а претходно живееле со нејзините баба и дедо. Девојчето изјави дека нејзината мајка воопшто не била заинтересирана за неа, не и обрнувала никакво внимание, се чувствувала како да не ја сака. Девојчето претходно имала неколку пати обиди за самоубиство бидејќи и било многу тешко заради односот на нејзината мајка. Инаку таа е вонбрачно дете, а нејзиниот татко ги оставил уште кога таа била многу мала и основал друго семејство. Но кога М.Т. имала  само 5 години тој се самоубил. Пред неколку дена, мајката на девојчето ја затворила во тоалетот и и ја заклучила вратата и и го изгасила светлото и девојчето седело така неколку часа. После последниот обид за самоубиство кој се случил пред една година, Теодора не излегувала околу 3- 4 месеци дома. За овој случај разговарано  е со девојчето и упатено да обрати кај психолог.

www.childrensembassy.org.mk