Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.33


Земја без граници” под мотото “Како Облак”Во периодот од 25ти до 30ти август, 2008 година, во Осијек, Хрватска се одржа манифестацијата за деца и млади “Земја без граници” под мотото “Како Облак”, во која учествуваа над 60 уметници од 15 земји, во организација на Здружениото за работа со млади “Бреза”. Република Македонија ја претставуваше Првата детска амбасада во светот Меѓаши со три претставнички и три деца.

Првата детска амбасада во светот Меѓаши учествуваше креирајќи ја Детската амбасада на земјата Зеда. Препуштајќи се на магичниот свет на детската фантазија нашата амбасада издаваше пасоши за возрасните наречени зедовници, поседуваше кутија на насмевки, лонец на лутина и столица од која детето станува најдобро.

Во тоа ни помогнаа децата од Детското село Ладимировце, кое се наоѓа 20 км подалеку од Осијек. Припремата за самиот настан  - Детската амбасада на земјата Зеда -, траеше пет дена ( 21 до 25 Август ), а ја изведовме во самото Детско село  Ладимировце.

Голема благодарност на сите вработени во Детското село Ладимировце, кои срдечно не пречекаа и со голема подршка ни помогнаа во подготовката за реализација на работилницата - Детска амбасада на земјата Зеда -.

Во текот на 5 дена во стариот град Осијек беа организирани голем број работилници (детска амбасада, африкански танц, јапонски танц, живи скулптури, чоколадна работилница, фотографска работилница, скулптури од слама и тн) кои на крајот, последната вечер, беа сплотени во земјата на чудата и детската фантазија, во земјата Зеда.

Последната вечер се случи главниот настан “Земја Зеда” на кој присуствуваа голем број на деца и возрасни кои за момент уживуваа во светот на децата. Самиот настан претставуваше едно прекрасно заокружување на се она што претходно се работеше во сите работилници.

Текст од Драгана Станковиќ, 11 години :

Самиот проект беше кул. Супер замисла. Екстра идеа. Од првиот до последниот ден беше прекрасно. Пет дена посетувавме различни работилници (јапонски танц, бодиарт, одење на дрвени нозе, чоколадна работилница идр.). Таму учевме нови нешта и многу се дружевме. Ја подготвувавме детската земја Зеда.

Во Зеда времето се мери со цветови, чајот се вика гона, ветерот сака, а чорапите леми. Но не смеам да го заборавам светот од чоколадо. Преубав и превкусен. Ковчегот од тајни - замисли една желба која ќе ти биде вредна - . Земи едно пердувче од ковчегот, стави го под перница и желбата сигурно ќе ти се оствари. Во Зеда се купува со бомбони и насмевки. Времето се продава во теглички и се купува за се она што ти треба. Јас си купив време за сладолед, време за на базен и време за подолго лето.

Имам премногу да кажам, но се да се опише неможе. Треба да се отиде и да се види.

За крај мојата последна реченица е оваа:

Зеда траеше кратко и заврши, но спомените за неа се трајни и вечно ќе останат во нашите срца.