Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.33

Во тек е изработка на Водич за родители и наставници за заштита од сексуална злоупотребаСексуалната злоупотреба на децата претставува најсурово кршење на правата на детето. Секое дете може да биде потенцијална жртва и многу лесно може да западне во раце на злоставувачи.

     Зголемениот пораст на педофилија во нашата држава претставува аларм за потребата од превентивни активности. Досега  имавме бројни реакции до  државните институции за санкционирање и казнување на сторителите на полов напад на деца но наместо педофилијата да има негативен тренд таа е во пораст. Поради зголемената опасност од насилства и неинформираност на децата, старателите/ родителите и наставниците, крајно време е да се започнат активности со кои тие би се информирале за начините на самозаштита. Токму поради тоа во подготовка е Водич за родители и наставници за превенција од педофилија за чие печатење е потребна финансиска поддршка од социјално одговорни граѓани и фирми.

       Станува збор за едукативен матријал кој ќе им помогне на родителите и наставниците да ги едуцираат децата како да постапуваат во одредени ситуации и да ги оснажат учениците/децата во превенција од педофилија.