Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.33


Состојбата на семејствата и грижата за децата во Европа, денес EUROCHILD е Mеѓународна мрежа на организации и индивидуи, која делува низ цела Европа во насока на унапредување и подобрување на квалитетот на животот на децата и младите. Работата на мрежата се води од принципите содржани во Конвенцијата за правата на детето на Обединетите нации. Првата детска амбасада во светот Меѓаши е членка во оваа меѓународна мрежа.


   Според последните истражувања и анализи на EUROCHILD, состојбата на семејствата и грижата за децата во земјите членки на Европската Унија е следна:

·         66 % од граѓаните немаат деца;

·        50 %  од браковите завршуваат со развод;

·        33 %  од заедниците во Европа  имаат деца;

·        33 %  од самохраните заедници живеат во беда и сиромаштија;

·        31% од децата  во Европа се родени во вонбрачни заедници;

·        19% од децата се во ризик од сиромаштија;

·        13% од заедниците со деца се самохрани;

·        4 % од родителите имаат најмалку 3 деца

·        Жените сакаат да имаат во просек 2,4 деца

·        Бројот на деца кој е потребен да се одржи сегашното ниво на популација е 2,1

·        Просечниот број на раѓања на деца во Европа е 1,5

Двајцата родители ја делат одговорноста за подигнувањето на децата, и секогаш треба да мислат за тоа што е најдобро за нивните деца. Владите треба да им помагаат на родителите  со промовирање сервиси со кои ќе им помагаат, посебно кога и двајцата родители се во работен однос!!!