Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.33

Речен фестивал на реката Вардар Во рамките на културната манифестација Скосептември, а под покровителство на Младинскиот културен центар и Град Скопје, од 29 Септември, понеделник, до 02 Октомври, четврток, се одржува Еко фестивал на реката Вардар. 

Фестивалот е спој помеѓу урбаното, градот, културата (сфатена најшироко) и природата, реката, животната средина. Главна цел на овој фестивал е да се издигне еколошката свест на граѓаните за значењето на реката Вардар за градот и нејзината улога во креирањето н здрав животен амбиент на подрачјето на цело Скопје.

Програмата на фестивалот е конципирана на начин што вклучува повеќе целни групи, меѓу кои се училишта, млади уметници, невладин сектор, активисти и волонтери, јавни градски установи, малостопанственици.

Детската амбасада Меѓаши зема активно учество во програмата во сите четири дена, на повеќе теми и локации.

Распоред на програмата по денови, каде учествува Детската амбасада Меѓаши:

Понеделник

Цветно кралство

Работилницата по применета уметност со 11 деца ќе прави цветови и взни од пластични кеси и пластични шишиња.

Студен асфалт

13 деца возеа ролери и велосипеди и со тоа прикажаа различни начини на кои децата можат да се рекреираат поред кејот на реката Вардар.

Циркуски работилници

6 деца изведуваа циркуски вештини со жонглирање, со помош на дијабола, топчиња, тањири и кругови.

Штанд

На штандот се продаваа рачно изработени предмети кои се дел од програмата за самофинансирање, а изработени се од страна на волонтерите на Меѓаши.

Вторник

Работилница по оригами

Со помош на новинска хартија, како и хартија во боја, се изработуваа предмети како риба, брод, цвет и сл.

Транспаренти и маски

15 деца носеа транспаренти и маски со пароли за зачувување на животната средина.

Циркуски работилници

Повеќе дечиња изведуваа циркуски вештини со жонглирање, со помош на дијабола, топчиња, тањири и кругови.

Штанд

На штандот се продаваа рачно изработени предмети кои се дел од програмата за самофинансирање, а изработени се од страна на волонтерите на Меѓаши.

Среда

Работилница по применета уметност

Во оваа работилница се изработуваа рамки за слики од картон и други предмети, со цел да се покаже како може да се искористи отпадот за креативни ракотворби.

Шарен асфалт

Поред кејот на реката Вардар, децата имаа прилика да цртаат најразлични цртежи на тема екологија и реката Вардар, со помош на креди во боја.

Циркуски работилници

Неколку деца изведуваа циркуски вештини со жонглирање, со помош на дијабола, топчиња, тањири и кругови.

Штанд

На штандот се продаваа рачно изработени предмети кои се дел од програмата за самофинансирање, а изработени се од страна на волонтерите на Меѓаши.

Четврток

Ликовна работилница

Децата цртаа цртежи на тема екологија, градот Скопје, реката Вардар.

Рибарски приказни

Во оваа програма, освен постарите учесници, помладите се претставија со рецитации за реката Вардар и за чиста животна средина.