Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.33


Извештај за бесплатна правна служба период јуни – септември 2008 годинаВо периодот јуни – септември 2008 бесплатната правна служба при Првата детска амбасада во светот Меѓаши реагираше во 20 случаи, каде бараше заштита на детските права. При тоа во 3 случаи беа испратени барања до Центрите за социјална работа низ Македонија, до Народниот правобранител или до соодветната државна институција. Вo 17 случаи беа испратени претставки до Народниот правобранител, а во 5 случаи беше понудена правна помош и правно советување на лица кои се обратиле во Амбасадата Меѓаши.
 
Испратените претставки се однесуваа на следниве проблематики:

- Физичко насилство врз деца за време на училишните часови

- Семејно насилство врз деца и родителска/старателска неодговорност при воспитување и чување на деца.

Барања кои ги упативме до релевантните институции: 

 - Најчести беа претставките упатени до Народниот правобранител

 - Две бaрања до МЦСР за старателство и психичко и физичко малтертирање на дете

-  Барање до Завод за унапредување на социјални дејности  за посвојување на деца

 

Покрај барањата и претставките бесплатната правна служба на Амбасада Меѓаши понуди и правно мислење и изготви правни документи за барателите.

Со Народниот правобранител имаме одлична соработка, редовно добиваме одговори и информации на испратените преставки.