Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.33


Извештај од доброволен прилог од касички јуни- септември 2008 година


Во периодот од јуни до септември во касичките за донации од страна на граѓаните дарувани се вкупно 125.105,00 денари. Во овој период  полните касички беа заменети со нови на следниве локации: Рамстор- Скопје и Тетово 18.534,00 денари, Тинекс 42.843,00 денари, Аеродром – Александар Македонски 4.331,00 денари, Тедико-Скопје 7.040,00, Нептун-Скопје 4.730,00, Техномаркет-Скопје 1.450,00 Окаиди-Скопје 2.500,00 денари Стопанска Банка – 43.677,00. Отварањето и броењето на касичките се одвиваше во тричлена комисија. Во текот на броењето и отварањето на касичките во комисијата присуствуваа следниве: Петре Близнаковски, Јасминка Петрова, Христина Аргировска , Борче Стојаноски, Бранимир Јанковски.

Им благодариме на граѓаните што со секоја нивна донација во касичките, ја покажаа нивната желба да ја поддржат работата на Дневниот центар за деца на улица.