Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.33


Апели за помош            Елена Васиљковска е 16 годишно девојче кое боледува од дифузен мезангиопролиферативен гломерулонефрит. Таа има потреба од итна медицинска помош и лекување, кое нејзините родители не се во финансиска состојба да и го обезбедат.

Апелираме за донирање финаниски средства со цел да и овозможиме на Елена да оздрави и повторно да биде здраво и среќно девојче. Средствата може да се донираат на следнава

            Ж-сметка  510 006 003 846 72 16

            Комерцијална Инвест банка
_________________________________________________
 
            Малата Мила Спасова, родена на 27 април 2008, боледува од DG Retinpathia Praematurorum OU, големо оштетување на видот на двете очи од преголема доза на кислород која ја примила во инкубаторот како предвремено родено дете. За да се подобри нејзината состојба и да и се овозможи на Мила да го гледа и ужива во светот., потребно е итно реализирање на оперативен зафат во странство. Семејството не е во финансиска можност да и го овозможи тоа. Затоа апелираме за донирање на финансиски средства со уплаќање на следнава сметка

Спасова Мила

Комерцијална банка

300007094519605

Донацијата може да се реализира и со јавување на следните телефонски броеви. Со самото јавување се донираат 100 денари.

075 143 402

077 143 402

070 143 402

_________________________________________________

           Малата Далиборка е родена на 01.10.2000 год. Нејзината лева рака настрадала при вклештување на истата во лифт , со Dg. Conquassatio antebrachii lat.sin. (тешко нагмечување на левата подлактица), поради што биле извршени три операции. Поради сериозноста на повредата се налага итна операција во странство за што се потребни финансиски средства.

Апелираме за донирање финансиски средства со цел да и овозможиме на Далиборка повторно да биде здраво и среќно девојче. Средствата може да се донираат на:

Ж-сметка 300007090553857

Комерцијална банка АД Скопје

Старател-Деан Ристоски

 

Однапред Ви благодариме на Вашата хуманост.