Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.32


„ЗАШТИТА И БЕЗБЕДНОСТ НА ДЕЦАТА И НИВНИТЕ ПРАВА НА ИНТЕРНЕТ„ - CRISP


На 06, 07 и 08 Мај, 2008 година, во хотелот Климетица, во Охрид се одржа семинар, кој беше дел од работниот план на проектот “Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет”- CRISP.

Носител-спроведувач на проектот е Фондацијата за одржливи информатички решенија – Метаморфозис во партнерство со Првата Детска Амбасада во Светот – Меѓаши, а финансиран од Европската унија.

Проектот “Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет”- CRISP (www.crisp.org.mk или www.bezbednonainternet.org.mk), има задача да ги едуцира пред сe децата, потоа родителите и наставниците за начините како децата да бидат заштитени и безбедни на интернет.

За да се постигне ова, претходно се реализираа повеќе активности. Се создаде мрежа од 11 граѓански организации кои си поставија цел да се посветат на правата на децата на интернет и се создадоа ресурси (летоци, брошури, водич за заштита на правата на децата на интернет, веб-сајт и постер со Повелбата за правата на децата на интернет).

За време на семинарот беше извршена обука на членовите на граѓанските организации и претставниците од училиштата каде ќе се спроведуваат предавањата (едукациите) за заштита и безбедност на децата на интернет.

Обуката се состоеше од три вида на работилници.

Работилница за правата на децата на интернет ја спроведуваше Првата детска амбасада во светот - Меѓаши.

Работилницата ја водеа Гордана Пирковска Змијанац и Драги Змијанац.

Презентацијата за заштита на личните податоци ја спроведуваше Државната агенција за заштита на личните податоци и приватноста.
Презентацијата ја водеше Елена Стојановска.

Презентацијата за заштита и безбедност на децата на интернет ја спроведуваше фондацијата Метаморфозис.
Презентацијата ја водеше Ирина Шумадиева.

На семинарот учествуваа вкупно 42 претставника од 9 града во Македонија, од 12 граѓански организации.

Од Скопје, беа присутни 11 претставника од 4 граѓански организации: Младински образовен форум, Отворете ги прозорците, Прва детска амбасада во светот - Меѓаши и Фондација Метаморфозис, 1 претставник од Дирекцијата за заштита на лични податоци и 4 претставника од 2 основни и 2 средни училишта. Од училиштата во Скопје имаше претставници од ОУ 26 Јули, од ДСМУ Панче Караѓозов, од Центарот за рехабилитација Партение Зоографски ( средно училиште за ученици со оштетен слух ) и од ОУ Др. Златан Сремец ( за деца со лесна интелектуална попреченост ).

Од Прилеп,  2 претставника од ГО Центар за граѓански иницијативи и по 1 претставник  од ОУ Кочо Рацин и средно економско училиште Кузман Јосифовски Питу.

Од Битола,  2 претставника од ГО Младински културен центар.

Од Охрид,  2 претставника од ГО Младински совет Охрид и 2 претставника  од ОУ Братство Единство.

Од Штип,     2 претставника од ГО Центар за поддршка на НВО.

Од Куманово,    2 претставника од ГО Хуманитарно здружение - Мајка, 2 претставника  од ОУ Браќа Миладиновци и 1 претставник од средното техничко училиште Наце Буѓони.

Од Гостивар, беше присутен 1 претставник од ГО Асоцијација за демократски иницијативи, 1 претставник  од ОУ Лирија и 2 претставника од Гимназија Гостивар.

Од Делчево,   1 претставник од ГО Пхурт.

Од Кавадарци,   3 претставника од ГО Совет за превентива на малолетничка деликвенција и 1 претставник од ОУ Тошо Велков Пепето.

 Впечатоци  на  четворица   учесници на семинарот :

 ·        Овој семинар го сметам за многу важен и корисен пред се, бидејќи опфаќа тема којашто е актуелна и ги засега сите генерации (и младите и старите). После овој семинар, ние, во улога на едукатори ќе ја пренесеме главната порака до младите генерации, но и до возрасните, со што ќе ја кренеме свеста на луѓето за интернетот.

·        Сите обрнуваме внимание само на користа и брзото добивање информации преку интернет, притоа оставајќи ги своите податоци преку регистрирање на многу сајтови и не земајќи предвид, што се може да се случи. Корисноста на овој семинар ја гледам преку подигање на свеста за тоа каде се ги оставам моите лични податоци и кои се злоупотреби можат да настанат. Внимавајте!!!

 ·        Ми се допаднаа работилниците, игрите, презентација на материјалот. Веб сајтот е фантастичен и добро е што некој се нафати да работи на проблемот Безбедност на Интернет.

 ·        Ми се допадна  што семинарот опфаќа  проблем на современото општество и без соодветното запознавање со овие моменти, многу луѓе (деца и возрасни) се потенцијални жртви.