Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.32

РЕГИОНАЛНА МРЕЖАОд 12- 15 Мај 2008 беше одржан вториот состанок на Неформалната регионална мрежа за мониторинг на детските права. Организатор на состанокот беше Save the Children од Шведска и Норвешка, а учествуваа следниве организации:

-          Центар за иницијативи за Социјална политика – Хрватска;

-          Центар за правата на детето – Белград, Србија;

-          Центар за правата на детето – Црна Гора;

-          Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија;

-          „ Здраво Соседу„ – Бања Лука, Босна и Херцеговина;

-          Наши Деца – Сараево, Босна и Хрцеговина;

Најголемиот дел од семинарот беше фокусиран на дискусии околу подготовките на Меморандумот за разбирање и улогата на мрежата. Сите организации се согласија дека ќе соработуваат и разменуваат искуства околу прашања поврзани со заштитата на децата и нивните права.