Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.32

Реакција и барање одговорностНа 19 Март 2008 година Првата детска амбасада во светот-Меѓаши по повод настанот на грубо кршење на детските права од страна на полицијата кој се случи во ОУ„Владо Тасески„ од Скопје, испрати реакција и побара од господинот Иџет Мемети, Народниот правобранител на Република Македонија, да го испита случајот на грубо кршење на правата на децата од страна на полицијата при приведување на десетина деца на 11 годишна возраст, со комбе во ПС Карпош, ученици од ОУ ,,Владо Тасевски,, од Скопје. Побаравме министерката Гордана Јанкуловска да ги казни полицајците кои направиле голем престап во приведувањето, повикување и сослушување на деца кои не се кривично одговорни (за нив одговараат родителите-старателите) односно без знаење, согласност и присуство на нивните родители, старатели или адвокат-бранител.

Амбасадата Меѓаши посочува дека прекршени се следните членови од:

Конвенцијата за правата на детето :

Член 3 параграф 1

Во сите активности кои се однесуваат на децата, од примарно значење се интересите на детето, без оглед на тоа дали ги спроведуваат јавните или приватните институции за социјална заштита, судовите, административниот орган или законодавните тела.

Член 37: Државите членки се обврзуваат:

Б) Ни едно дете не може да биде лишено од слобода незаконски или самоволно. Апсењето, притворањето или затворот за детето мора да биде во согласност со законот и да се користи само како последна можна мерка и за најкратко можно време.

В) Со детето лишено од слобода да се постапува со почитување на достоинството на човековата личност, како и со земање во предвид потребите за лице од негови години.

Секое дете лишено од слобода се одвојува од возрасните, освен ако не се смета дека тоа е во најдобар интерес за детето, и има право да одржува контактат со своето семејство преку писма и посети, освен во исклучителни случаи,

Г) Секое дете лишено од слобода има право на итна правна и друга соодветна помош, право пред судот или пред друг надлежен и независен и непристасен орган да постави прашање на законитоста за лишување од слобода, како и право на итна одлука за тоа прашање.

Според уставот и законите на Р.М:
     
,,Информативни разговори,,  

Согласно одлуката на Уставниот суд на Република Македонија и новиот Закон за кривична постапка, лице може присилно да се доведе на распит во полициска станица само ако

постои претходна судска одлука и тоа само тогаш кога очигледно одбегнува да се јави на уредно доставена покана  во која било предупредено на можноста на присилни доведување и своето недоаѓање не го оправдува. Полицијата навистина може да бара информации од граѓаните, па и да ги повикува во полициска станица, но тие не се должни тоа да го сторат ниту да одговараат на прашањата.

Релевантни стандарди                
Член 12 од Уставот на РМ

ЧЛЕН 142 од ЗКП

Испитување на законитоста       
За преземените  дејствија во преткривичната (полициска) постапка, граѓаните може да бараат од судот да ја испита нивната законитост, а судот е должен ова да го утврди со решение.

Релевантни стандарди             
Член 12 од Уставот на РМ

Член 3 од ЗКП

Во Законот за полиција, Законот за внатрешни работи и Кодексот на полициска етика стои дека при приведување на малолетни деца нивните родители, односно старатели, мора да бидат известени  во рок од 3 часа пред акцијата за приведување на нивните деца од стрна на полицијата.         

По реакцијата која ја испративме Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР на 23.03.2008 година испрати одговор на нашата реакција со целосно објаснување на настанот и превземените мерки, и испрати предлог за покренување на постапка за отказ за петмина полициски службеници.

Во писмото се вели:

На 18.03.2008 година, од СВКПС беа извршени проверки во врска со настанотшто се случи во близина на германската амбасада, кога од страна на полицискислужбеници во просториите на ПС Карпош беа доведени 10 деца, од наведената ПС, за што се обавени  разговори со командирот, пет полициски службеници, а извршен е увид и во книгата за дневни настани на ПС Карпош и изготвениот пишан материјал, при што е констатирано следното:На 18.03.2008 год. околу 12,15 часот по телефон се јавил во ПС Карпош полициски службеник, вработен во ПС за обезбедување на дипломатско конзуларни претставништва, кој во моментот ја обезбедувал Германската амбасада и на полицискиот службеник, кој во моментот вршел работни задачи помошник дежурен, пријавил дека во чекалната за странки кои бараат прием во амбасадата има донесено од 10 до 15 деца од страна на работник во фирма за разладни уреди, ,,ДООЕЛ Ладење,, која се наоѓала во непосредна близина на амбасадата, поради тоа што истите имале направено оштетување на стакло и врата од објектот.По  добиеното известување полицискиот службеник по телефон стапил во контакт со двајца полицајци од  групата за интервенции, кои во тоа време биле ангажирани за вршење на други службени задачи на терен. За побараната интервенција полицискот службеник го запознал и дежурниот, кој во тоа време разговарал на телефон, и му одобрил на својот помошник да ја упати групата за интервенции на лице место, со цел да видат за што се работи. По пристигнувањето на лице место двајцата полицајци се јавиле кај службеното лице, кое во тоа време вршело работи на обезбедување на германската амбасада, од чија страна им биле посочени децата, кои во моментот биле сместени во приемната просторија за странки, на самиот влез во амбасадата, и ги упатил полицајците  кај сопственикот на фирмата ,,ДООЕЛ Ладење,, К.Љ., кој им пријавил дека е извршено оштетување со кршење на стакло од канцеларија и на влезна врата од објектот, а воедно им кажал на полицајците дека децата што се наоѓаат во приемната просторија од страна на неговиот работник Т.З. биле затекнати во кругот на објектот како фрлаат со камења.По ова полицајците се вратиле во приемната просторија за странки на амбасадата каде што биле сместени 10 деца на возраст од 12 и 11 години, каде во меѓувреме пристигнал родителот Ѓ.З., татко на едно од децата.Поради тоа што во просторијата за прием на странки во амбасадата се створила галама од децата, која им пречела во работата на присутните вработени, и немало можност да им се утврди идентитетот на децата, групата за интервенции по телефонсе јавила во ПС Карпош, каде со полицаецот за прихват се консултирале, запознавајќи го со настанот, по што добиле инструкции децата да бидат доведени во ПС, а истовремено тие деца што имале мобилни со нив да им се јават на родителите да дојдат во ПС Карпош, за да се обави разговор и расчисти случајот. Бидејќи родителот на Ѓ.З. бил со свое ПМВ, во истото качил пет (5) деца, додека останатите пет (5) деца се качиле со службеното возило дефендер, со кое биле доведени во ПС Карпош, каде во меѓувреме пристигнале родителите на останатите деца. Доведувањето на децата во ПС Карпош, во Книгата за дневни настани е внесено како – повикани лица. Од остварениот увид во службената документација, во ПС Карпош со децата обавил разговор инспектор по малолетници, во присуство на родителите и директорот на ОУ Владо Тасевски, каде што учеле наведените деца. По обавениот разговор, децата биле пуштени да си одат дома.  Имајќи ја предвид констатираната состојба, Секторот завнатрешна контрола и професионални стандарди констатира дека во низа се направени повеќе грешки:Сите доведени во ПС Карпош, се деца, што согласно Законот за кривична постапка, не е дозволено да се изведе на тој начин. Процедурата предвидува задолжително информирање на родителот, старателот, или Центарот за социјални грижи за настанот заради кои треба да се јават во полициската станица и нивно повикување заедно со детето. Недопустливо е деца да се доведуваат со полициско возило во полициска станица, дотолку повеќе што самото место на случување било во близина на училиштето, и целата работа можела да се заврши со собирање на децата во училиштето, запознавање на одговорните во училиштето за настанот, повикување на родителите, информирање на судија за малолетници и ангажирање на инспектор по малолетничка делинквенција заради обавување разговор со нив. Во книгата за дневни настани, случајот е евидентиран како повикување, што објективно не може да се покрие со пишувана докуметација за повикување на лица, онака како што предвидува процедурата за повикување. Согласно сочинетата документација за настанот, разговорот со децата е обавен од страна на инспектор по малолетничка делинквенција, во присуство на родителите и директорот на училиштето. Доколку наредните преземања на Секторот не го потврдат тоа, ќе значи дека е прекршена и процедурата за водење интервју со децата.Од напред наведеното СВКПС смета дека петтемина полициски службеници во конкретниот случај постапиле спротивно на член 45 став 3 од Закон за Полиција, член 12 став 3 од Правилник за начинот за вршење на полициските работи и член 2  став 1 точка 3 од Упатство за начинот на однесување и меѓусебните односи на полициските службеници, за што наложува да биде изготвен предлог за покренување на постапка за отказ заради кршење на работната дисциплина, бидејќи се исполнети условите од член 54 став 1 т.7 од КОЛЕКТИНВЕН ДОГОВОР ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР НА МВР, да се превземаат мерки на одговорност.

Предлог мерки:

- Претпоставениот старешина да изготви предлог за покренување на постапка за отказ заради кршење на  работната дисциплина, против полициските службеници;

- Да се изврши прераспоредување на полициските службеници;

-  Да се надополни годишната Програма за обука на полициските службеници со теми и содржини за постапување на полицијата кон деца, малолетници или лица со хендикеп.

Сектор за внатрешна контрола и професионални стандарди