Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.32


По повод Најголемиот Училишен час, Влатко Стефановски беше гостин во прво одделение во ОУ. „Јан Амос Коменски„ во Скопје.

За време на часот, секое дете сакаше да му постави прашање на Влатко. Најмногу ги загрижуваше неписменоста на децата, и тие прашуваа:

- Дали знаете каков е проблемот со неписменоста кај децата во нашата земја?

- Дали сте се запрашале како им е на децата на улица? Како може да им се помогне?
- Бидејќи сте јавна личност, дали можете да разговарате со политичарите за да им кажете да направат нешто за тие деца?

Влатко Стефановски им кажа дека е запознаен со проблемот на неписменоста кај децата, и дека им е навистина тешко на децата кои немаат свои домови и кои немаат можност да одат на училиште. Тој вети дека ќе разговара со своите пријатели од јавниот живот и од политиката, со цел да се намали неписменоста и да им се овозможи на децата да имаат квалитетно образование и среќно детство.

На крајот од часот кој беше интересен, забавен но и богат со убава дискусија и значајни пораки, Влатко беше изненаден од сериозноста на децата. Нивните детски прашања беа интелигентни, поттикнуваа размислувања, и бараа сериозни одговори. Тој сметаше дека постепено, со поголемо ангажирање целата заедница и на сите родители, овој проблем ќе се реши.