Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.32

Интервјуирање деца сведоци во полициска постапаПрвата детска амбасада во светот-Меѓаши на 25 и 27 март 2008 година организираше две еднодневни работилници на тема “Интервјуирање деца сведоци во полициската постапка”. Работилниците се дел од активностите во рамките на проектот “Детото-сведок која бара посебна грижа” кој се спроведува во рамките на Регионалната програма “Детство без насилство-кон подобар систем на детска заштита во Источна Европа”. Оваа програма е имлементирана во седум централни и источно-европски држави: Полска, Бугарија, Литванија, Латвија, Македонија, Молдавија и Украина. Координатор на овој проект е Фондација на Ничии Деца од Полска. Заедно со организациите партнери од секоја земја учесничка, Фондацијата презема иницијативи за подобрување на системот за заштита на децата од насилство. Основната цел на овој проект е да ги подобри способностите на професионалците кои работат со децата изложени на насилство, како и да ја сензибилизираат јавноста, особено родителите, за оваа проблематика. За спроведувањето на овој проект Детската амбасада воспостави соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Македонија кое ги  дистрибуираше  постерите до сите полициски станици во Македонија.

Работилниците ги  водеше  Г-ѓа Цена Чаловска, Главен инспектор за малолетничка деликвенција во СВР-Скопје.

Целта на работилниците беше  стекнување на  нови знаења за техниките, методите и новите пристапи во интервјуирањето деца сведоци како и размена на искуствата и дискусија за проблемот.