Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.32


Барање одговорност за малтретирање деца во групна посета на Ерусалим без визи и со големи организациски пропусти во патувањетоНа 31 март 2008 година Првата детска амбасада во светот Меѓаши најостро реагираше и побара одговорност од господинот Дамјан Стојаноски, генерален секретар на Детската амбасада за сите деца од ПРИЛЕП за:

тридневно малтретирање на деца низ аеродромите во Белград и Ерусалим,
за неодговорното организирање на групната посета на деца во Ерусалим без визи,
за наплата на аердромски услуги на децата  по 70 е за аеродромски такси
за лошиот однос кон децата во ова туристичко патување
 

Воедно побарваме од Јавниот обвинител и Министерството за внатрешни работи да испитаат дали господинот Дамјанчо Стојаноски имал одобрение од родителите за патување на нивните деца во Израел и да ја проверат изјавата дадена во јавност од господинот Дамјанчо Стојаноски дека имал уредни документи за влез во Израел. Побаравме од Јавниот обвинител да покрене кривична постапка по службена должност за организаторот Дамјанчо Стојаноски кој е законски застапник и да го преиспита постоењето, целите и целисходноста на работата на прилепската Детска амбасада за сите деца во светот, како и да испита со каква цел и намера ги однел децата во Ерусалим.

Побарваме Управата за јавни приходи и независна ревизорска куќа да изврши контрола на финансиското работење на оваа граѓанска организација од Прилеп за сите добиени спонзорства од социјално одговорни претпријатија дали се користени согласно намената како и за сумата од 12.000 е за која самиот Дамјанчо Стојаноски изјави дека ги дал од свој џеп.

Побаравме и ги охрабривме  родителите да се јават и пријават за малтерирањето што нивните деца го доживеаја. Еве една изјава  на  родителка дадена за печат:   „Ги пуштивме децата со многу возбуда и надеж дека ќе имаат неповторливо доживување. Место тоа, тринаесетгодишни деца беа со часови измалтретирани на аеродромите, бидејќи немале визи“.

Пред шест месеци Првата детска амбасада во светот Меѓаши побара оваа граѓанска организација да се избрише од регистерот на здруженија на граѓани  и побара кривична одговорност за организирање на скандалозниот настан „Македонија во НАТО - ние децата нивно злато„ каде што се изврши груба манипулација и злоупотреба на децата во политички цели.

Воедно сметаме дека со непреземање на одговороста од г.Дамјанчо Стојаноски се нарушува и угледот на Македонската православна црква кај граѓаните која се јавува како покровител на овој настан.

Потсетуваме дека децата се под посебна заштита на Уставот на Република Македонија, Конвенцијата за правата на детето и другите закони во Македонија каде што се загарантирани правата на децата и се води посебна грижа за најдобрите интереси на децата.

Првата детска амбасада во светот Меѓаши  е  згрозена од последните дејствувања на Детската амбасада за сите деца од ПРИЛЕП и јавно упатува  молба и повик до сите гласила да прават јасно разграничување во имињата на овие две организации кои иако имаат иста цел – заштита на децата –  а спротивни начини на дејствување.

Воедно ја информираме јавноста дека е покрената тужба до Основнит суд во Прилеп против оваа граганска организација поради сличноста на името што е во спротивност со законските одредби од Законот за здруженија на граѓани.