Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.32

Барање одговорност од државните институции во заштита на децата жртви од сексуална злоупотреба и построги казни за сторителитеНа 26.06 2008 година, Првата детска амбасада во светот- Меѓаши по повод последните 4 случаи на инцест и силување на сопствената ќерка (12г) и нејзината другарка (12г) деца со лесна психичка попреченост од страна на Т.П. (51) од Богомила,  за Велешанецот Х.Д. (35) осомничен дека се обидел да ја силува ќерката (14) на својата невенчана сопруга, Македонскиот државјанин Љупчо В. кој бил уапсен во Херцег Нови, Црна Гора откако бил осомничен дека допирал малолетници и Штипјанецот Јове К (40) кој е осомничен дека силувал две 13 годишни деца кои биле згрижени и избегале од Домот за деца без родители „ 11 Октомври„ од Скопје.

Го проследуваме интегралниот текст од нашата реакција:

Првата детска амбасада во светот- Меѓаши бара од судиите да ги осудуваат педофилите, силувачите на деца и оние кои извршиле родосквернавење со највисоки казни од 10 до 15 години, а за најтешките облици и доживотен затвор.

Во Македонија има казнена законска основа за досудување најстроги казни за педофилите и сексуалните насилници над деца но сепак судиите најчесто досудуваат благи казни.

Бараме од судовите,  децата жртви на сексуална злоупотреба при судска постапка да бидат заштитетни од соочување со злосторникот. Изјавата што детето ќе ја даде во судот да биде една изјава во присутво на судија, психолог, педагог и лице од Центрите за социјална работа во специјална скрин соба. Да се биде сведок или жртва на злосторство, а потоа да се учествува во судска расправа е многу тешко искуство за возрасни луѓе, а уште потешко за децата. Детете се срами да зборува за тоа што му се случило. Понекогаш се чувствува виновно, изгубено, уплашено и напуштено, се плаши дека нема да ги исполни очекувањата на возрасните.

Најстроги казни доживотен затвор за лица кои извршиле полов напад на дете како казнена мерка може да помогне сторителите на овие кривични дела да бида во целосна изолација која како казнена мерка може превентивно да помогне да не се случуваат сексуални злоставувања над деца од истите сторителите а воедно да биде и опомена за сите идни случаи.

Исто така бараме и преземање на одговорност од раководтсвото на Детскиот дом за деца без родители „11 Октомври„ од Скопје за нивната негрижа за децата кои биле исчезнати а едно од нив и бил 23 дена во заложништво на педофилот Јове К(40) од селото Шашаварлија, Штип.  Мора да постои примарна, секундарна и терцијална превенција. Да се спороведуваат активности кои ќе водат до намалување на овие појави  и активности за ресоцијализација и рехабилитација на лицата кои биле жртви на сексуално насилство. Следно што се прашуваме што ќе биде со тоа дете кое 23 дена било малтретирано  злоставувано, кој ќе ја сноси одговорноста за последиците од траумата што тоа дете ја доживеало?

Исто така сметаме дека за случајот со педофилот Т.П (51) и сексуланта злоупотреба од Т.П. над неговата ќерка (12г) и нејзината другарка (12г) со пречки во развојот кои се штитенички на специјалното основно училиште „Маца Овчарова„ од Велес. Оваа државна институција треба да има увид за состојбата со децата како нивни штитеници.

Злоупотребата на децата (сексуална, економска, физичка како и останатите форми на злоупотреба) е сериозен проблем и бара големо внимание, заштита и дејствување на сите нивоа. Тоа подразбира синхронизирано и заедничко превентивно дејствување на сите релевантни фактори кои имаат удел во воспитувањето и грижата за децата како семејството, институциите на државата, граѓанските организации и медиумите.

Ги потсетуваме одговорни државните институции дека Република Македонија ја има ратификувано Конвенцијата за правата на детето и се има обврзано да ги почитува сите права предвидени со оваа Конвенција. Последните случаи на сексуална злоупотреба на децата се повторен пример на најсурово кршење на правата на децата загарантирани со Конвецијата. Според член 34 од оваа Конвенција државите потписнички се обврзуваат да ги штитат децата од сите облици на сексуално искористување и сексуално малтретирање. За таа цел, особено е значајно државите членки да ги преземаат сите соодветни национални, билатерални и мултиратерални мерки за спречување на  најлошите форми на сексуална злоупотреба и искористување.

Сметаме дека е многу важно за насилството да не се молчи и затоа ги охрабруваме децата, родителите, најблиските да го пријавуваат сексуалното насилство и злоупотреба. Нашите информации од СОС телефонот за деца и млади 0 800 1 22 22 говорат дека од вкупно 17100 повици за овие 15 години отакко е формирана оваа служба за злоупотреба и насилство се имаат јавено 9,83 % од јавувачите или 1739  јавувања за насилтво и злоупотрба. Во 2007 година 13,5% од вкупниот број на јавувања се најлоши форми на злоупотреба на децата. Но, темната бројка односно бројот на непријавени случаи за злоупотреба на децата во реалноста е далеку поголема. Светските податоци говорат дека 70% од случаите на сексуална злоупотреба остануваат непријавени заради стравот, срамот и незнаење кои децата го чувствуваат, реакцијата на средината како и стравот од неизвесноста на последиците со кои ќе се соочат. Првата детска амбасада во светот Меѓаши континуирано работи на овој проблем, со тоа што нуди психосоцијална поддршка и бесплатно правно советување и застапување.

Родителите имаат посебна одговорност во грижата, заштитата и обезбедувањето сигурно детство на нивните деца. Тие треба да посветат посебно внимание на децата и да ги заштитат од можни злоупотреби. Одговорното родителство е најдобра превентива од злоупотреба на децата. Загрижувачки е фактот што забележуваме една патологија на колективно ниво во нашата земја. Сe повеќе сретнуваме случаи на сексуално насилство и педофилија, пад на моралните вредности и повредување на она што ни е свето- децата. Децата кои ни се симбол на животот, на иднината и надежта.

Бараме од Центрите за социјална работа да имаат засилен увид и да преземаат соодветни мерки за превентива и надзор во дисфункционални семејства. Државата да инвестира во подигање на капацитетите на Центрите за социјална работа во реализирање активности за превенција и заштита на децата. Центрите за социјална работа треба да бидат помобилни, поефективни  и континуирано да ја следат состојбата на можни злоупотреби на деца во семејства во ризик како и преземање содветни мерки со што превентивно би дејствувале. Тие можат да дадат најголем придонес во превенцијата од злоупотреба на децата бидејќи се во непосреден контакт ( би требало да бидат) со семејствата во кризна состојба. Тие имаат значајна улога во  ресоцијализацијата, реинтеграцијата и рехабилитацијата на децата со цел полесно и побрзо надминување на последиците.