Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.32


13-та Изложба на Стефан Плескоњиќ

Дете Амбасадор на Прва детска амбасада во светот- Меѓаши

На 05 Мај 2008 година во културниот центар „Мала станица„ се отвори 13. самостојна изложба на Стефан Плескоњиќ, со која уметникот- ученик во шесто одделение одбележа десет години од своето творештво. Исложбата опфати избор на триесетина негови дела создавани во изминатата деценија, со кои Стефан, нашиот Амбасадор се претстави на голем број меѓународни изложби.

     Во месец април Стефан со своите ликовни творби, создадени со еколошки акрилни бои на картон, ги изложи во Македонскиот центар во Њујорк. Младиот уметник во изминатиов период гостуваше и во Белград, Париз, Софија, Варшава и Брисел.

        Стефан Плескоњиќ е најмлад носител на наградата „13 Ноември„, а е добитник и на Специјалната награда „Ѕвезда на 21 век„ на Осмиот салон на уметноста во Софија.