Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.31


Регионална средба на НВО кои вршат мониторинг на имплементацијата на Конвенцијата за правата на децата 

Во периодот 10-12 јануари 2008 година во Милочер, Црна Гора се оддржа Регионална средба на НВО од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Косово. Ова беше иницијална средба чија цел е формирање регионална мрежа на НВО кои вршат мониторинг на имплементацијата на Конвенцијата за правата на децата во своите земји. На средбата беа изнесени искуствата на секоја земја поединечно и беа поставени основите за формирање на мрежата.

Оваа средба беше иницирана и поддржана од регионалните канцеларии на Save the Children Norway и Save the Children Sweden кои веќе поддржуваат проекти во некои земји од регионот.

Наредната регионална средба треба да се оддржи во средината на мај 2008 година кога формирањето на мрежата треба да се официјализира.