Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.31

Промоција на Законот за донации и спонзорства на јавните дејностиСо цел ефективна примена на Законот за донации и спонзорства на јавните дејности како и можност за поддршка на активности на граѓанските организации кои се од јавен интерес, беа организирани консултативни состаноци во Тетово, Охрид, Струмица, Гевгелија, Дебар, Струга, Прилеп, Битола и Скопје. Воедно на состаноците беше презентиран Законот за донации и спонзорства на јавните дејности, неговата целосна имплементација, се дискутираше за прашања кои се од заеднички интерес, како и за важноста на развојот на филантропијата во Република Македонија.

Овој настан беше дел од проектот “Поддршка на националниот граѓански форум/платформа“, финансиран од Европската агенција за реконструкција, a координиран од Фондацијата Институт Отворено Општество на Македонија. Го спроведуваа Првата детска амбасада во светот – Меѓаши и Центарот за институционален развој – ЦИРа, како дел од програмата на Граѓанската платформа на Македонија.

На состаноците учествуваа локални здруженија на граѓани, претставници на локалната самоуправа, бизнис секторот и локалните медиуми. Состаноците беа одржувани под стручно водство на Славко Лазовски, раководител на одделението за индиректни даноци при Министерството за финансии,  Драги Змијанац, извршен директор на Првата детска амбасада во светот – Меѓаши, Зоран Богдановски, координатор за институционална поддршка при Центарот за институционален развој – ЦИРа   и Орхан Усеин, сениор менаџер на Првата детска амбасада во светот – Меѓаши.