Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.31

Навивачите на Bolton повторно донираа за децата од Македонија 
Добротворната акција која навивачите на Bolton Wanderers ја организираа во септември кога престојуваа во Македонија за натпреварот со Работнички, продолжи и во Англија. Имено продажбата на маички со натписи за натпреварот траеше и за време на реваншот Работнички- Болтон. Беа собрани 26.000,00 денари дополнително кои беа донирани во Детската амбасада. Парите беа наменети за Дневниот центар за деца на улица кој функционира во рамките на Детската амбасада.