Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.31


Дедо Mраз додели новогодишни пакетчиња на 484 децаДонација на новогодишни пакетчиња (369) во партнерство со Македонски Телекомуникации

Првата детска амбасада во светот-Меѓаши во партнерство со Македонски Телекомуникации на 24 декември организира акција за дарување новогодишни пакетчиња. Пакетчињата беа дарувани на деца од Детската амбасада, односно на децата од Детските работилници и од Дневниот центар за деца на улица, на децата од ПОУ Златан Стремац и децата од Друштвото за помош на деца со аутизам. 
 
По повод доделувањето на новогодишните пакетчиња на 24 декември беа организирани две приредби една во ПОУ Златан Стремац и една во просториите на ОУ Љубен Лапе за децата од Детската амбасада и децата од Друштвото за помош на деца со аутизам. На приредбите беа присуствува претставници од Македонски Телекомуникации. 

Дарување пакетчиња (60) во партнерство со Канал5 
 
Првата детска амбасада во светот-Меѓаши во партнерство со Канал 5 денеска даруваа новодогишни пакетчиња на 60 деца кои посетуваат настава во предучилишно воспитание во Центарот за поддршка на образование на Роми “КХАМ”-Куманово. 

По повод доделувањето на новогодишните пакетчиња беше организирана приредба во просториите на “КХАМ”. Сите деца кои добија пакетчиња потекнуваат од социјално загрозени семејства и со големо воодушевување го пречекаа Дедо Мраз. Во нивните очи се гледаше радост и исполнетост бидејќи на овој ден почувствуааа дека има некој кој мисли на нив и не ги заборавил. Дедо Мраз на приредбата беше Марија Алиќ - волонтер за промоција и одржливост.

На приредбата беа присутни и претставници од Канал 5 Телевизија.

 

Новогодишни пакетчиња (35) дарувани во партнерство со Космофон


И Космофон во партнерство со Детската амбасада подари пакетчиња по повод новогодишните празници. Тие им го разубавија денот на 35 деца од Дневниот центар за деца на улица кој функционира во рамките на Детската амбасада. Покрај доделувањето на новогодишни пакетчиња Космофон организираше и кратка претстава со магионичар за децата.

Партнерство за новогодишните празници е остварено и со Фершпед (20)
 
И Фершпед во партнерство со Детската амбасада обезбеди новогодишни пакетчиња. Овие пакетчиња (20) беа доделени на деца од социјално загрозени семејства токму на 31 декември, последниот ден од старата година.