Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.30


СОБИРАЊЕ СРЕДСТВА ОД ДОМАШНИ ИЗВОРИ ЗА ПОДДРШКА НА ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ЗА ДЕЦА НА УЛИЦАПрвата детска амбасада во светот–Меѓаши веќе неколку години се обидува да обезбеди средства од домашни извори за реализација на своите активности. Една од важните активности која ја спроведуваме од јули оваа година, за која треба да обезбедиме средства од локални ресурси, е функционирање на Дневниот центар за деца на улица (за подетални информации за работата на Центарот отворете го линкот Дневен центар за децата на улица).


Токму тоа е и задачата на проектот “Собирање средства од домашни извори за поддршка на Дневниот центар за деца на улица” на Првата детска амбасада во светот – Меѓаши, кој е одбран за учество во Програмата за грантови за филантропија, во рамките на Проектот за зајакнување на граѓанското општество (ПГЗО). Активностите на оваа програма се координирани од Центарот за институционален развој ЦИРа во консултации со ИТЗ и другите партнери во имплементацијата на ПГЗО, а со техничка поддршка од Фондацијата Екополис од Република Словачка.

Целта на ПГЗО е јакнење на локалната филантропија која обезбедува широка домашна поддршка за општеството, било да се работи за човекови, материјални или финансиски ресурси. Проектната идеја на Амбасадат Меѓаши оценето е дека нуди можност за зголемување на разнообразноста на изворите на ресурси и поттикнување на различните форми на домашна филантропија.

Центарот за институционален развој ЦИРа организираше и работилница од 2-ри до 4-ти септември, во хотел Дончо во Охрид, на која присуствуваа претставници од сите граѓански организации кои добија поддршка во рамките на Програмата за грантови за филантропија. Учесници од нашата организација беа Невенка Стефановска и Нина Чамински.