Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.30


РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО ЗА ДОВЕРБАТА ВО ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВОМЦМС спроведе истражувањето и подготви извештај за “Довербата во граѓанското општество”, како дел од програмата за работа на Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ). Целта на истражувањето беше да се испита довербата на граѓаните во граѓанските организации и актерите во граѓанските организации.


 Дел од резултатите на истражувањето, кои се однесуваат и на Првата детска амбасада во светот - Меѓаши, можете да ги видите подолу во текстот, а за подетални информации отворете ја web страната на МЦМС. http://www.mcms.org.mk/WBStorage/Files/Doverba%20i%20dobrotvorstvoto%20za%20web2.pdf

ПОЗНАВАЊЕ И СТАВОВИ ЗА ДВАЕСЕТ И ТРИ ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ 
 
Графикон 7.

Однос на позитивни наспроти негативни ставови за одредени граѓански организации 
 
Во јавноста преовладува позитивното мислење за сите испитувани граѓански организации. Количникот на позитивни и негативни ставови е позитивен за сите организации кои биле вклучени во истражувањето, односно на секој испитаник со негативен став доаѓа минимум 1 испи­таник со позитивен став (за најниско рангираната организација) до максимум 23,8 испитаници со позитивен став (за највисоко рангира­ната организација).

Значајни промени во количникот на позитивните и негативните ставови не се забележени кај поединечните организа­ции во однос на претходната година, со исклучок на Првата детска амбасада во светот – Меѓаши  (ПДАС Меѓаши) со зголемување на индексот од 9,9 на 23,8. Вкупниот среден индекс за групата на организации во однос на претходната година бележи многу незначителна промена од 4,3 на 4,4.