Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.30


Промоција на Водичот за волонтирањеПрвата детска амбасада во светот – Меѓаши во рамките на Граѓанската Платформа на Македонија, го спроведува проектот “Промоција на волонтеризмот“, чиј главен исход е публикација на Водич за волонтирање, како и негова промоција низ универзитетите на Република Македонија.

Овој настан е дел од проектот “Поддршка на националниот граѓански форум/платформа“, финансиран од Европската агенција за реконструкција.


Имено, на 30 октомври беше одржана првата промоција на водичот за волонтирање на Универзитетот Југоисточна Европа во Тетово. Додека пак во почетокот на месец ноември се планирани уште три наредни промоции, и тоа на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и во Штип, како и на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола. Промоциите се одржуваат пред се на студенти, на кои воедно бесплатно им се дели примерок од водичот на македонски и на албански јазик. За секоја промоција се обезбедени повеќе од 3 000 примероци (вкупниот тираж изнесува 15 000) кои воедно се делат и пред факултетите од страна на волонтери.  

Со овој водич сакаме волонтирањето да го направиме повидливо, да го зголемиме нивото на информираност, да ја подигнеме јавната свест за значењето и важноста на волонтерската пракса и да отвориме нови можности за волонтирањето. Се надеваме дека ќе биде практична алатка за младите и студентите, дека ќе помогне во изнаоѓање на форми за сопствена партиципација во граѓанското општество и во процесот на донесување промени, како и во корисно структуирање на слободното време, стекнување на знаења и работни вештини.