Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.30

КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ВАРШАВА ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ДЕЦАТА И МЛАДИТЕ НА ИНТЕРНЕТПедофилијата и насилството помеѓу децата (преку смс пораки и e-mail-ови) се развиваат како што се развива технологијата. Како што кажав, педофилијата е присутна насекаде па верувале или не таа е и на интернет. Доаѓа време во кое децата треба да се едуцираат и да знаат како да си ја заштитат својата приватност додека се on-line. 
 
За таа цел беше организирана конференција во Варшава, Полска од 16 до 17 Октомври на тема: “Keeping children and young people safe on-line”. Присуствувавме 280 делегати засегнати со овој проблем. Поголем дел од презентациите беа прикажани од страна на британските претставници од граѓански организации кои активно ги следат проблемите на децата кога станува збор за интернет или мобилна телефонија. Покрај нив учество имаа и домаќините од Полска (Nobody’s children’s foundation & NASK), како и од Шпанија, Чешка и Америка. 
 
На почетокот на првиот ден од конференцијата имавме кратко претставување на програмите за едукација на децата за безбедност на интернет. Откако бевме воведени во проблематиката следува 4 сесии кои обработуваа различни теми: работа со злоставувачи и нивното однесување, безбеден интернет во школите, игри на интернет и работилница за Интернет сервис провајдерите. Бев дел од работилницата за безбеден интернет во училиштата. На таа работилница делегатите од Велика Британија и Полска ги презентираа своите проекти, web страни и реклами, преку кои ги информираат децата за нивната заштита.
          
За разлика од првиот ден , вториот ден беше резервиран за правниот дел и законите. Повторно следува сесии, но овој пат со следниве теми: интернет линии за помош, зависност од интернети работилница која ги разгледуваше законските регулативи. Работилницата за Интернет линиите за помош беше мојот избор. На оваа работилница, претставниците од Америка, Чешка и Шпанија детално ни го презентираа нивниот начин на работа и соработка со другите институции, преку кои одлично функционираат Интернет линиите за помош.
 
Беше задоволство да се присуствува на интернационална конференција на која може да се види како другите држави се соочуваат, но и го решаваат овој проблем. Се надевам дека наредната година ќе организираме конференција во Македонија, со цел да станеме поорганизирани во областа на заштитата на детските права на Интернет.

Извештајот го подготви Елена Дамјанова