FUNDRAISING ОБУКА ВО ХОТЕЛ БИСТРА, МАВРОВООд 19-20 септември во Хотел Бистра, Маврово во рамките на “Проектот за зајакнување на капацитетите на граѓанското општество” финансиран од USAID, а спроведуван од ИТЗ во партнерство со ЦИРа, МИМ и ЕЦНЛ се одржа обука со работен наслов “Техники за прибирање на средства од локални извори” на која присуствуваа претставници од повеќе граѓански организации од Македонија меѓу кои и претставник од Првата детска амбасада во светот – Меѓаши.
Главните прашања кои ги разгледувавме за време на семинарот се следните:
Инструменти за прибирање финансиски средства од
поединци и претпријатија
Кампањи за прибирање финансиски средства
(медиуми, директна пошта итн.)
Принципи на донаторска пирамида
Развивање на членска база
Настани за прибирање финансиски средства
Донаторска психологија
Етички прашања поврзани со примањето и давањето донации и др.
Сите теми беа поткрепени со размена на практични искуства од присутните и обучувачите и интересни симулации кои потоа беа детално анализирани и извлечени поучни заклучоци. Особено би ја истакнала симулацијата на можеби еден од најбитните чекори во прибирањето средства, а тоа е разговорот со лицето од кое бараме донации, независно дали е индивидуален донатор или претставник на претпријатие. Од оваа симулација извлеков многу корисни заклучоци за донаторската психологија и етика, кои ќе ми помогнат во натамошната работа.
Обуката ја спроведуваа обучувачи од Центарот за филантропија од Словачка, чија цел беше да ги пренесат своите теоретски и практични знаења кои се базираат на нивните лични искуства од работата со граѓанските организации во Словачка.
Извештајот го подготви Нина Чамински
|