Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.30


ДЕЦАТА И СИРОМАШТИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈАПрвата Детска амбасада во светот – Меѓаши беше поканета како учесник на семинарот “Децентрализација во Социјалната политика: Предизвиците на политиките за социјална инклузија на локално ниво” кој се оддржа на 25-ти септември на Универзитетот Југоисточна Европа.

Овој семинар го организираше Европската Комисија односно Генералниот Директорат за вработување, социјални работи и еднакви можности. Свое изложување имаа Ерван Фуере, претставници од ЕУ, Министерството за труд и социјална политика, Министерство за здравство, невладини организации и градоначалници. 


На семинарот беше дискутирано и за местото на децата во политиките за социјална инклузија, односно беше разговарано за сиромаштијата и ефектот која таа го има врз децата. Како учесници во овој дел беа повикани Првата детска амбасада во светот-Меѓаши и UNICEF. Презентацијата на Детската амбасада беше на тема “Децата и сиромаштијата”, а презентер беше М-р Драги Змијанац. Во презентацијата беше истакнато дека феномените поврзани со сиромаштијата и децата, како што се злоупотребата на детскиот труд и децата на улица, може да се решат доколку сите деца се вклучат во образовниот процес. Затоа сите треба да се залагаме и да им овозможиме полесен пристап на оние деца кои се надвор од образованието