Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.29

Повик до Јавниот обвинител да побара кривична одговорност од организаторот и покровителот за злоупотребата на децата во политички цели Народниот правобранител на Република Македонија ја извести Првата детска амбасада во светот – Меѓаши  по основ упатената претставка за политичка и воена злоупотреба на децата за агитирање за влез на Македонија во НАТО. Организатор на кампањата беше Детската амбасада за сите деца во светот од Прилеп а покровител министерот за одбрана на Република Македонија г. Лазар Еленовски.

Во известувањето од Народниот правобранител се вели “со цел децата да се заштитат од натамошно користење и злоупотреба Народниот правобранител упати информација до министерот за одбрана, а преку средствата за јавно информирање апелираше до сите владини и невладини организации, во иднина да се воздржат од какви било активности во кои ќе бидат вклучени деца и да не се влијае во формирање на нивното мислење, односно да се води сметка пред се за најдобриот интерес на децата и да се заштитат од разни злоупотреби и манипулации“.
 
Првата детска амбасада во светот- Меѓаши го повикува Јавниот обвинител врз основа на Законот за јавен обвинител и Законот за кривична постапка чл. 142 да побара кривична одговорност од организаторот и покровителот на овој настан врз основа на Член 353 од Кривичниот закон, каде се вели “(1) Службено лице што со искористување на својата службена положба и овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување или неизвршување на својата службена должност ќе прибави за себе или за друг некакава корист, или на друг ќе му нанесе штета“.  

Исто така, сметаме дека Јавниот обвинител треба да се повика и на член 3 од Конвенцијата за правата на детето, каде во точка 1 се вели “Во сите активности кои се однесуваат на децата, од примарно значење се интересите на детето, без оглед на тоа дали ги спроведуваат јавните или приватните институции за социјална заштита, судовите, административните органи или законодавни тела“ и член 36 Државите – членки го штитат детето од сите други облици на експолатација штетни за детето. Како и чл. 9 од Законот за заштита на детето каде се вели “Се забранува политичко или верско организирање и дејствување и злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување“.

Воедно за точно и целосно информирање на јавноста информираме дека Првата детска амбасада во светот – Меѓаши користи простории од Министерството за одбрана на Република Македонија заедно со Здружението за самохрани родители од Скопје (поранешно Здружение на самохрани мајки „Дика„) од 2000 година кога министер беше г. Љубе Пауновски, а се продолжи во 2006 кога министер беше г. Јово Манасиевски, со вкупно 533,86 квадратни метри.

Им благодариме на  досегашните 29 организации и поединци кои не поддржаа и не охрабрија во одбрана на правата на детето: 1.Сојуз на организации на жените на Македонија, 2. Македонската Асоцијација за Слободна Сексуална Ориентација – МАССО 3. Полио Плус 4. Ненад Вукосављевиќ  5. Совет за превентива од малолетничка деликвенција од Кавадарци, 6.Бранко Попчевски, 7. Биљана Ванковска 8. Новинари за права на жени и деца и заштита на животната средина на Македонија 9. Слаѓана Тасева 10. Еколошко друштво “Вила Зора“ Велес, 11. Мировна акција Прилеп, 12. Калин Бабушку, 13. Александар Гумберовски, 14. Унија на средношколците на Македонија, 15. Здружение за заштита на животните и животната средина “Срце за животните“ 16. НВО Рубикон, 17. Гордана Несторовска, 19. Блерим Јашари, 20. Адиљ Бакиу, 21. Здружение на даночни работници на Македонија, Скопје 22. Еколошко друштво “Скопска Црна Гора“ Скопје 23. Заедница на куќни совет - Радишани, Скопје, 24. Фросина Пандурска, 25. Илија Псалтиров, 26. МЗБРЛД “ПЕПЕРУТКА“, 27. Атанас Стојаноски, 28. Евридика Шашкова, 29. Филип Видовиќ-Генел, Скопје

Исто така упатуваме благодарност до сите медиуми кои се ставија во функција на одбрана на правата на детето како и многупати досега.