Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.29

Посета од нашата партнерска организација Меѓународно општество за превенција на суровост кон децата (the International Society for Prevention of Cruelty to Children - ISPCC) 
Во Првата детска амбасада во светот Меѓаши на дводневна посета, од 24-26 јули, беа Шивон Едвардс и Кира Риџ од нашата партнерска организација за оваа година - International Society for Prevention of Cruelty to Children од Ирска.  Еден дел од нивната посета беше пренесување на искуството на волонтери на СОС телефонот за деца и млади (0800 1 22 22). За нив беше одржана и раборилница за активно слушање и вештините на активно слушање, како една од 17-те обуки кои ISPCC ги спроведува за волонтерите на нивната СОС линија. Оваа обука е признаена и верифицирана од познатиот Тринити Колеџ од Ирска.

Другиот дел од посетата се однесуваше на фандрекзинг обука.

Во рамките на нивната посета беа запознаени и со другите активности и услугите кои ги нуди Детската амбасада во моментов.