Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.29


Незаборавно двонеделно дружење со волонтери од Франција во Амбасадата Меѓаши

Во соработка со Сојузот на извидници на Македонија, во периодот од 9 до 21 јули во Детската амбасада Меѓаши гости беа пет волонтери, Клер, Мартин, Климент, Флоријан и Пуле, извидници од Франција.

Во рамките на својот престој тие организираа креативни работилници на различни теми, а целата работа беше заокружена со забава која децата заедно со волонтерите ја организираа.

 

 



На работилницита дневно присуствуваа 35 деца од Дневниот центар за деца на улица во Кисела Вода, СОС Детското село и деца - членови на Детските работилници при Детската амбасада.

 

 

 

 

 



Работилниците траеа по 4 часа дневно при што за децата беше обезбедена и ужина.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Децата на работилниците научија нови игри со кои можат да го пополнат своето слободно време, а научија и работи поврзани со извидништвото. Секако дека најголема придобивка за децата беше дружењето.