Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.29

Извештај од мултикултурниот летен камп за млади за културна размена, респект и толеранција Бачки Моноштор одржан од 19.07 до 29.07.2007 год.

Мултикултурниот летен камп за млади и оваа година се одржа од 19.07 до 29.07.2007 во Бачки Моноштор, Сомбор, каде наши волонтери учествуваа веќе по трет пат.


Кампот беше организиран од Црвен Крст Сомбор и Gemeinden Gemeinsam Bodensee-Rhein.

70 учесници; 7 земји; дружење; музика и безброј незаборавни пријателства ...се зборови кои моќата да ги опишат десетте дена поминати во Сомбор. 

Петмина волонтери од Амбасадата Меѓаши бевме дел од “кампот за културна размена и толеранција”, Азрет Јакупи, Елена Дамјановска, Кристина Најдовска, Медина Алиловска и Жарко Радически.

За да ја доживееме вистинската атмосфера на камп, бевме сместени во шатори и иамвме распоред за активностите во текот на целиот ден. Секој ден посетуваме работилници како што се: анимиран филм, музика, татар, танц, шијатцу масажа, цртање, куклен театар. Во попладневните часови имавме можност да посетуваме дополнителни активности, како на пример: масажа, јога, салса, германски песни, унгарски јазик, discussion table, pixilation. 

Се играше и фудбал, одбојка, пинг – понг, карти...

Од особено задаоволство ни беше прошетката до гратчето Палиќ, каде што ги посетивме прекрасното Паличко езеро и неверојатната зоолошка градина.

Блискоста меѓу партиципантите, иако се чувствуваше во текот на сите денови, најмногу дојде до израз последниот ден кога со тага сите тргнаа кон своите домови.

Изјавува:Елена Дамјанова - волонтерка