Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.29


Eurochild членство



Првата детска амбасада во светот – Меѓаши, во јули оваа година се приклучи кон големото европско семејство на Eurochild.


Eurochild е активна мрежа на организации и индивидуалци кои работат низ Европа за да го подобрат животниот квалитет на децата и младите. Работата на Eurochild се потпира на принципите дефинирани од Конвенцијата на Обединетите Нации за Правата на Детето. Мрежата Euоrchild во моментов брои 52 организации – членки.