Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.28

Учество на амбасадата Меѓаши на регионалните НВО саеми
 
Во периодите од 30 – 31 март 2007 година беше одржан третиот по ред регионален саем во Дебар,  четвртиот регионален саем во Делчево од 25-26 април 2007 и петтиот регионален саем во Неготино од 14-15 јуни 2007 година, реализирани од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и Центарот за поддршка на НВО – Дебар, а во рамките на Граѓанската Платформа на Македонија.

            Целта на настанот беше да се запознае јавноста со активностите на граѓанските организации, да се создаде простор за размена на искуства и да се зголеми регионалната сработка преку координација и вмрежување на здруженијата на граѓани.

          Регионалниот НВО саем во Дебар кој беше поддржан од Локалната самоуправа на општина Дебар, се состоеше од три компоненти и тоа:Форумски активности, Изложбен дел, Социо – културни настани.

        Како и на претходните саеми одржани во Струмица и Гостивар, така и на овој саем Првата детска амбасада во светот – Меѓаши зема активно учество. Покрај учеството во другите активности,тука спаѓаше и изложбениот дел на одделот за обезбедување на фондови во кои без изложени повеќето од предметите изработени од страна на децата во детските работилници.

       Собраните средства од продажбата на овие предмети во Дебар (4220,00 МКД) и во Неготино (6,240,00 МКД) се на наменети за бесплатен СОС телефон за деца и млади - 0800 1 22 22,  правната служба и Дневниот центар за деца на улица кои не одат на училиште.