Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.36 » Градење култура на детско учество

Избор на деца претставници во ЖеневаЗа време на третиот тренинг за деца во Охрид, беше договорено децата да поднесат мотивационо писмо – писмо на интерес, за учество на деца претставници во Женева.

Писмото на интерес, требаше да биде доставено до 10 Септември, а после тој период, секој град во состав координаторот на градот и децата што учествуваат во проектот, ивршиа избор на кандидатите со тајно гласање и со критериуми кои беа договорени на самиот тренинг од страна на децата.

Добивме 7 писма на интерес.

Секој град имаше права да бира 2 кандидата од предложените 7, но кои не се кандидирани од својот град.

Најголем број гласови добија Елена Димитриевска од Тетово и Васка Бојаџи од Струмица.

Официјално, деца претставници во Женева од Република Македонија, кои ќе го претставуваат Алтернативниот извештај за состојбата со детските права кон Конвенцијата за правата на детето од страна на децата се Елена Димитриевска од Тетово и Васка Бојаџи од Струмица.

Им честитаме.