Почетна » Активности » Изминати активности » Градење култура на детско учество


Глобална недела за акција 2009 година во Кавадарци

По повод Глобалната кампања за образование – Глобална недела за акција 2009 година во Кавадарци се изведоа следниве активности:

·        На 17ти  април беше објавен прилог, во информативната програма на локалната КТВ телевизија, за активностите коишто се планирани за Глобалната недела за акција. Преку овој прилог беше запознаена пошироката јавност во Кавадраци за тековните активности на Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

·        На 20ти април беше одржана работилница во канцеларијата на СППМД на којашто децата учесници во овој проект се запознаа со активностите на Глобалната недела на акција, беа поделени постери и лифлети и им беа дадени инструкции за активности коишто треба да бидат спроведени во нивните училишта. Исто така на оваа работилница беа изработени и транспарентите за маршот на 22ри април во Скопје.

·        На 21ви април беа поставени постерите и поделени лифлетите за Глобалната недела на акција во сите пет основни училишта и трите средни училишта во Кавадарци.

·        На 22ри април беше одржано читање од Големата книгата во сите училишта во градот, освен во одделенијата кадешто се изведуваа тестирања за време на тој час.

·        На 22ри април беше објавен прилог во локалната КТВ телевизија за изведениот марш на плоштадот Македонија во Скопје, за посетата на Претседателот на комисијата за образование, наука и спорт господинот Сафет Незири во Собранието на РМ и за посетата кај Министерот за образование и наука господинот Перо Стојановски.