Центар за граѓанска иницијатива
Контакт:
ул. Димо Наредникот бб (зграда Ерик), 7500 Прилеп, Македонија тел: +389 (0)48 400 480 факс: +389 (0)48 425 125 е-пошта: ccimk@mt.net.mk www.cgimk.org.mk
Датум и место на основање: на 24 Maj 1997 во Прилеп, Р. Македонија
Област на делување: Човекови права, Развој на НВО Сектор, Унапредување на работата на ЛС и ЈА
Ниво на делување: Национално и регионално (Балкан).
Цел на организацијата:
Примарните цели на ЦГИ се да го помага развојот на демократијата и цивилното општество во Македонија, да ги привлече граѓаните во едукацијата и да промовира позитивни промени во нивната општина и земја.
Главни активности:
ЦГИ во соработка со невладини, владини организации и бизнис секторот ги мотивира граѓаните да делуваат во изградба на граѓанското општество во РМ и пошироко.Крајната цел на ЦГИ е сите граѓани да имаат еднакви човекови права, да бидат вклучени во процесите на одлучување и да имаат еднаков пристап во образованието. ЦГИ организира разни активности и проекти да ги постигне овие цели зголемувајќи го учеството на македонските граѓани во процесот на градење подобро и поотворено демократско општество. Работата на ЦГИ се фокусира на следното:
- непартиска едукација за плурализмот и демократијата на младите луѓе преку организирање на семинари, летни школи, детски и младински центри и други активности;
- промовирање на човековите права и слободи преку набљудување на локалните и националните избори, работа на проекти, одржување на средби, семинари и др.;
- развивање на меѓуетничките и меѓународните односи помеѓу Македонија и нејзините соседи преку конкретни проекти;
- развивање на соработка помеѓу локалниот НВО сектор и локалната самоуправа низ дијалог, тркалезни маси, семинари и проекти;
- зајакнување на локалниот НВО сектор низ обуки, семинари, техничка помош, лобирање и поддршка и консултации за проекти;
- развивање на соработка и зајакнување на капацитетите на јавната администрација
Соработката со слични невладини организации во Македонија и странство е насочена кон остварување на овие цели.
|