Почетна » Активности » Изминати активности » Глобална кампања за образование 2006/7/8 » Глобална недела на акција 2008


Глобалната недела на Акција 2008: - Шакира Почесна претседателка

Особена чест и задоволство ни е да Ве известиме дека музичката ѕвезда Шакира оваа година е Почесен претседател на Глобалната недела на Акција и како поддржувач и активен учесник во оваа кампања ќе направи се што е во нејзин домен да допринесе за вклучување на Сите во образование.

Глобалната недела на Акција се одржува секоја година со цел потсетување на ветувањето и целите кои се дадени и поставени во 2000 година. Темата на GAW – Глобалната Недела на Акција во 2008 година е  “Квалитетно образование за Сите: Крај на Неписменоста!”,“Политичари вратете се во училишните клупи: Време е за учење!” која ќе биде спроведена и ќе трае од 21 до 28 април. Таа ќе биде реализирана преку различни активности во текот на целата недела, од кои како централна активност се издвојува 23 април “World Biggest Lesson” (WBL).

WBL – Најголемиот Училишен Час планирано е да се одржи во што поголем број на училишта низ градовите во Републиката. За да ја оствариме заедно оваа цел потребна ни е вашата поддршка во организирањето на најголемиот училишен час кој што истовремено ќе биде одржан во над 200 земји во Светот и на тој начин сите заедно ќе влеземе во Гинисовата Книга на Рекорди.

Во 2000 година, лидерите од богатите и од сиромашните земји се обврзаа себеси да постават цели и насоки за да стават крај на глобалната сиромаштија и да го направат светот подобро место за живеење. Најважни од нив се целите на ОБРАЗОВАНИЕ ЗА СИТЕ  (Education for All, EFA), цели кои ги потпишаа преку 180 земји во Дакар во 2000 година.

ЦЕЛИТЕ НА ОБРАЗОВАНИЕ ЗА СИТЕ, КОИ ТРЕБА ДА СЕ РЕАЛИЗИРААТ ДО 2015 ГОДИНА СЕ:

1.      Да се зголеми раната детска грижа и едукација;

2.      Да се обезбеди бесплатно и задолжително образование за сите;

3.      Да се поттикнува учењето и животните вештини за младите луѓе и возрасните;

4.      Да се зголеми писменоста (научното образование) кај возрасните за 50 %;

5.      Да се постигне полова еднаквост до 2005 година;

6.      Да се подобри квалитетот на образование

Повеќе информации можете да најдете на:
 

 Глобална Недела на Акција 2008, “Квалитетно Образование за Сите: Крај на неписменоста” “Политичари вратете се во училишните клупи: Време е за учење”


Прва детска амбасада во светот Меѓаши

Република Македонија

www.childrensembassy.org.mk

www.campaignforeducation.org

Коста Новаковиќ 22 а,1000 Скопје

Република Македонија

Tel: ++389 2 2465 316
Fax:++389 2 2463 900

gaw@childrensembassy.org.mk