Почетна » Активности » Изминати активности » Глобална кампања за образование 2006/7/8 » Глобална недела на акција 2006

Глобална недела на акција 2006
Последната недела од месец Април (24.04-30.04) ја посветиме на светската кампања .Глобална недела на акција 2006. чија тема оваа година беше .Да ги вклучиме сите деца во образованието..

Глобалната недела на  акција секоја година на светско ниво ја организира интернационалната мрежа Global Campaign for Education. .Од 24-30 април, граѓанско општество составено од активисти за детски права, групи од наставници и НВОа, покажаа дека навистина се грижат да обезбедат секое дете да добие квалитетно образование, донесено од квалитетен наствник.

Обединети во оваа задача, во 112 земји во светот, милиони деца и возрсани вклучени во кампањата одржуваа симулирни судски сослушувања, подучуваа, маршираа по улици, боеа слики, праве постери, се среќаваа со официјални лица, гласаа за наставници и го додадоа својот глас кон кампањата.. Меѓу познатите личности кои се вклучија во оваа кампања беше и Анџелина Џоли. И Македонија беше дел од оваа глобална кампања.

Кампањата започнаа со марш на Градскиот Плоштад. Благодарение на Акцент Медиа, 10

билборди со пораката: .На секое дете му е потрбен наставник!! – Ако можеш да гго прочиташ ова,,

тоггаш заблаггодари му се на наставникот!. се поставија во центарот на градот за да го означат почетокот на кампањата.

На 26. април 450 ученици од Скопје заедно со нивните нас тавници маршираа на градскиот плоштад. Тие маршираа со транспаренти и пораки за вклучување на сите деца во образованието. Истиот настан се одржа и во другите градови во Македонија, со вкупно учество на национално

ниво од преку 2000 деца.

На 27 април организиравме состанок со заменик Министерот за финансии, г-дин Максут Али. На овој состанок децата зедно со нивните наставници бараа зголемивање на буџетот за образование . само за вкулучување на децата кои н е п о с е т у в а а т задолжително основно образование, кое е загарантирано со Уставот на Република Македонија и Конвенцијата за детски права. Истиот ден, децата и нивните наставници имаа средба со членови на Парламентот од Комисијата

за образование, наука и спорт. На оваа средба д е ц а т а п о б а р а а : сите оние деца кои не одат на училиште (18000) да го з а п о ч н а т с в о е т о образвание и да се обезбеди оброк за нив, да се отворат нови паралелки за овие деца и да се вработат уште наставници, додека Центрите за социјална работа да бараат од родителите кои добиваат социјална помош потврда дека нивното детете оди на училиште.

Поддршка за Глобалната недела на акција 2006 добивме: Претседателот на Р.Македонија г-дин

Бранко Црвенковски, Градоначалникот на Град Скопје г-дин Трифун Костовски, Министерството за

финансии, Собранието н а Р е п у б л и к а Македонија, Градот Скопје, Општина Велес, Општина Боговиње, Оп шт ин а Моги л а, Општина Росоман, Општина Штип, Општина Неготино, ОУ.Живко

Брајко вски. -Бут ел, ОУ.К.П. Мисирков.- Радо виш, ОУ.Лазо Трповски.-Скопје, ОУ.11 Октомври.-Скопје, ОУ. Трајко Андреев.-Велес, ОУ.Рајко Жинзифов.- Долно Оризари, Велес, СОУ . Иднина. . Скопје, ОУ.Гоце Делчев. . Штип, НВО Доверба . Кумано во, ПХУРТ- Делчево, Детски дом 11 Октомври . Скопје,

ОУ.Васил Главинов. . В е ле с , О У.Б лаже Конески. . Велес, ОУ.Св.Кирил и Методиј. . Велес, ОУ.Благој

Кирков. . Велес, ОУ.ЈХК Џинот. . Велес, ОУ.Стојан Бурчевски- Буридан. . Велес, ДПТУ Мле ч е н р е с то р а н .ВЕГЕРА. . Скопје, ни п о м о г н а о к о л у обезбедувањето на бели печива за време на маршот

во Скопје, АД .ПИВАРА. . Скопје, ја подржа акцијата и донираше 20 пакети сокчиња за децата ,

Потрага по заедничка основа кои донираа ЦД- иња од серијата .Наше Наало. за сите учесници,

г-ѓа Виолета Томовска . естраден уметник, и г-ѓа Кристина Дикинсон.

За повеќе информации за тоа како течеше акцијата во другите земји, посетете ј а с т р а н и ц а т а н а интернационалната мрежа

Global Campaign for Education:

www.campaignforeducation.org