Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.36 » Дневен центар за деца кои не одат на училиште во општина Аеродром

Форум на тема „Образовна инклузија на децата кои не одат во училиште во општина Аеродром“
Првата детска амбасада во светот Меѓаши на 26 Август 2009 год. во рамките на проектот „Македонија без дискриминација“ организираше форум на тема „Образовна инклузија на децата кои не одат во училиште во општина Аеродром“.

Целта на овој форум е да се анимираат сите релевантни фактори кои можат да придонесат за надминување на проблемот со децата кои не се вклучени во редовниот образовен систем, како и да се обезбедат механизми за нивно вклучување.

На форумот присуствуваа и претставници од Општина Аеродром, од основното училиште за возрасни АС „Макаренко“, од основните училишта во општина Аеродром како и претставници од Министерството за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика и од Бирото за развој на образованието, од граѓанскиот сектор кој работи со деца кои не се вклучени во образовниот процес и претставници од Дневните центри за деца на улица. Исто така на форумот присуствуваат и родители чии деца ги посетуваат овие дневни центри како и самите деца.

Модератори на форумот беа: Гордана Пирковска Змијанац – Програм менаџерка и основачка на Првата детска амбасада во светот Меѓаши; и Ениса Еминовска – Член на работна група за подготовка на мултидисциплинарни протоколи за упатување на деца на улица - жртви на злоупотреба.

Форумот се одржа во просториите на ЕУ Инфо Центарот.