Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.36 » Детство без насилство кон подобар систем на детска заштита во Источна Европа

Тренинг - Институционализацијата, почитување на детските права и заштитата на децата од злоупотреба во рамките на проектот “Детство без насилство – кон подобар систем на детска заштита во Источна Европа”.Првата Детска Амбасада во Светот МЕЃАШИ како дел од проектните активности “Детство без насилство – кон подобар систем на детска заштита во Источна Европа” во соработка со Фондацијата Ничии Деца од Полска, реализираше Локален тренинг во перидот од 18-20 Септември во Кичево (Кнежино), Хотел Куќа на Уметноста.

Темата на Локалниот тренинг беше Институционализацијата, почитување на детските права и заштитата на децата од злоупотреба.

Како учесници на тренингот беа поканети претставници од различни институции, професионалци кои се директно инволвирани во системот на детска заштита во Македонија ( Институции за згрижување и воспитување на деца без родители или родителска грижа, Министерство за труд и социјална политика, Центар за Социјална работа, Завод за Социјални дејности, Министерство за Внатрешни работи – сектор за малолетничка деликвенција, Казнено поправни домови за малолетници.

Тренингот беше реализиран од страна на Џон Лампен и Диана Лампен, тренери и консултанти од Англија со интернационално искуство; Драги Змијанац, и Гордана Пирковска Змијанац, тренери за детски права. Програмата на тренингот беше организирана како групна работа, индивидуална работа, интерактивни игри и пленарни дискусии. Тренингот беше насочен кон добивање на знаења и екпертиза на следниве теми: Развој на децата, компаративно (во семејството и во институциите), Едукација за детските права и заштита од злоупотреба, Разбирање на детското однесување како начин на комуникација, Организација на животот во институциите  со цел да се спречи злоупотребата. Понатаму тренингот истотака придонесе за подобра соработка, размена на позитивни и негативни искуства, зајакнување на заедничките релации меѓу ите професионалци кои работат на полето на заштита на децата и изнаоѓање на начини како тие можат да работат подобро внатре во системот за заштита на децата во Македонија и покрај неговите негативни аспекти.