Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.36 » Детство без насилство кон подобар систем на детска заштита во Источна Европа

Работилница на тема „Одговорно родителство“Првата Детска Амбасада во Светот – Меѓаши во рамките на проектот Детство без насилство – кон подобар систем на детска заштита во Источна Европа, во Ноември организираше работилница на тема – Одговорно родителство. 

На работилницата учесници беа претставници од различни институции кои се директно инволвирани во системот за заштита на децата од злоупотреба во Р.М. (Јавна Установа “Дом за бебиња и мали деца – Битола, Јавна Установа Детски дом “11 Октомври”, СОС Детско Село – Скопје, ЈУ “Ранка Милановиќ”, ЈУ за деца со воспитни и социјални проблеми “25 Мај”- Скопје, ЈУ за рехабилитација на деца и младинци – Скопје, Сектор за Внатрешни работи – Скопје, Првата Детска Амбасада во Светот – Меѓаши). 

Учесниците имаа можност да се здобијат со знаења за различни аспекти на родителството: Значајноста на првата година од развојот, улогата на таткото и примарната симбиоза со мајката, препознавање на рани проблеми во родителството, основни познавања од системска семејна терапија: семејни циклуси, Его-состојби – различен начин на комуникација со детето, основни комуникациски термини кои може да влијаат на децата позитивно или негативно, видови на родител, пристапи кон зголемување на родителските капацитети, “Животни позиции” на родителите кои водат кон насилно или епматично однесување кон децата. 

Целта на оваа работилница беше да се зголеми капацитетот за овозможување на соодветна грижа на децата, со акцент на давање љубов и поддршка и градење на “Јас сум Ок, Ти си Ок” животна позиција кај детето. Понатаму, оваа работилница  им даде можност на учесниците да ги анализираат позитивните и негативните аспекти на родителството (понекогаш ненамерно/несвесно пројавени) и влијанието на тие аспекти врз детето, особено во различните фази на семејните циклуси и различните возрасти на детето. 

Повеќе за проектот Детство без насилство – кон подобар систем на детска заштита во Источна Европа, види на: http://www.canee.net