Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.36 » Детство без насилство кон подобар систем на детска заштита во Источна Европа

Евалуациски извештај – Преглед на ситуацијата на злоупотреба на децата во Р. Македонија. ПРВТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ како дел од проектот “ Детство без насилство – кон подобар систем на детска заштита во Р.Македонија” реализиран во соработка со Фондацијата “Ничии деца”, изработи Евалуациски извештај - Преглед на ситуацијата на злоупотреба на децата во Р. Македонија.

Евалуацискиот извештај на истиот начин беше пополнет од страна на сите земји учеснички во проектот (Молдавија, Бугарија, Латвија, Литванија, Полска, Украина и Македонија). Овие евалуациски извештаи се изработуваат со цел да послужат за преглед на ситуацијата на злоупотреба на децата во соодтветната земја и за подготовка на стратешки план на активности за следните години.

Евалуацискиот извештај за Македонија беше изработен во периодот од Мај до Август 2009. Како извор на податоци беа користени: државните инстистуции, официјални веб-сајтови на иснтитуциите и други соодветни национални и интернационални организации, Законите и измените на законите на Р.Македонија, официјални документи и истражувања, Завод за статистика на Р.Македонија итн. 

Погледнете го целиот извештај. 

(во прилог е извештајот)