Почетна » Активности » Детски работилници


Детски работилници


Со почетокот на учебната 2007/2008 година, продолжи и функционирањето на Детските работилници.

Тие претставуваат можност децата од различна етничка припадност и со низок економски статус, заедно да ја развиваат својата креативност и фантазија.

Сето тоа се реализира преку дружење и преку најразновидни активности според интересите на децата, а со употреба на соодветни прирачни сретства.

Оваа учебна година функционираат следниве работилници: работилница по англиски, германски, француски и албански јазик, математичка, компјутерска, спортска, ликовна, како и работилници за допишување, за применета уметност, литературно драмска со бон тон, новинарска, за едукација на човекови вредности и работилница по оригами.

Во рамките на работилниците можат да учествуваат деца на возраст од 4  до 16 години. Работилниците се одржуваат од понеделник до петок, од 17:30 до 20:30 часот, а во саботите од 11:30 до 15:00 часот.

Секоја работилница има свој термин еднаш во седмицата (Распоред на Детските работилници) и трае по 90 минути.

Во работилниците како едукатори/ки се ангажирани волонтери/ки.

Работилниците можат да ги посетуваат сите деца кои се членови на детската амбасада.