Почетна » Права на детето » Деца бегалци без родители


Драги Змијанац: Не смее да се дозволи да транзитираат деца без родител, без најблизок во семејството

Во 2015 г., повеќе од еден милион бегалци и мигранти го минале Медитеранот, пристигнувајќи на бреговите на Европа, од кои се проценува дека околу 253.700 - или еден од четворица - биле деца.  УНИЦЕФ вели дека ова прашање е сè погорливо, бидејќи бројот на деца меѓу бегалците и мигрантите - сега повеќе од едно дете на тројца возрасни - продолжува да расте. Според националните извори, во Македонија, процентот беше 37 отсто во декември, во споредба со 23 отсто во септември, додека во Србија, во декември, 36 проценти биле деца во споредба со 27 проценти во септември. Во последниве три месеци, бројката на деца мигрантои се зголемува во континуитет. На оваа тема разговараме со проф. Драги Змијанац, директор на Првата детска амбасада – Мешаѓи.

од Наташа Доковска -

 

15 март, 2016

6

366

 

ТЕХТ.МК: Според УНИЦЕФ, повеќе од една третина од оние што се обидуваат од Турција да стигнат до некој грчки остров се деца, соопшти УНИЦЕФ. Во извештајот се наведува дека за прв пат од почетокот на мигрантската криза во Европа, имало повеќе жени и деца кои ја минуваат границата меѓу Грција и Македонија, отколку возрасни мажи. Станува збор за значајна промена од јуни минатата година, кога 73 отсто од мигрантите беа мажи, а само 10 насто од нив под 18 години.  Како реагира и што превзема Првата детска амбасада во светот Меѓаши во однос на овој податок ?

ЗМИЈАНАЦ: Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ уште во август минатата година упати преку јавноста барање до Владата на Република Македонија Меѓаши сите деца бегалци од меѓуграничниот појас да им се дозволи влез во земјава. Децата кои се запрени на граничниот појас Владата треба веднаш да ги пушти затоа што Македонија е потписник на Конвенцијата за правата на детето. Таму има стотици деца чиј живот е директно загрозен и под постојана опасност од непредвидливи опасности кои ги демнат во граничниот појас. Децата се во трауматична состојба и им треба итна помош. Апелиравме до Владата на Република Македонија да обезбеди прифат на сите деца бегалци! Како потписник на Конвенцијата за правата на детето Македонија е обврзана да обезбеди секаков вид заштита на децата. Воедно ја потсетивме Владата на одговорностите и обврските кои ги има согласно ратификуваната Конвенција за правата на детето во Собранието на Република Македонија уште во 1993 година. Нашата заложба, како тогаш така и сега, е барање за децата бегалци да се обезбеди и да им се гарантира правото за меѓународна заштита, да се обезбеди сигурен транспорт и придружба, како и да се оневозможи на сите начини трговија со деца и нивна експлоатација. Република Македонија треба да е сигурна и  безбедна рута за децата што бегаат од подрачјата погодени од војна. Република Македонија мора да внимава и преземе мерки кои ќе обезбедат обединување на семејствата кои транзитрираат низ нашата територија и да не дозволи децата бегалци да транзитираат без придружба на возрасен.  Република Македонија не смее да си дозволи деца бегалци да чекаат на границата Идомени и да ги попречува во влез и транзит низ нашата територија. Децата кои се на меѓуграничниот простор веќе се истоштени, имаат претрпено трауми  од војната и се соочиле со многу тешкотии и опасности при нивното патување до границата. Ние треба да покажеме свест, совест, солидарност и одговорност да им помогнеме на децата беглаци погодени од војната. Постојано треба да ги имаме на ум екстремно тешките услови во кои се наоѓаат децата додека чекаат, спијат на отворено, физички се исцрпени, изложени се на заболувања итн. Децата страдаат  на мигрантската рута и хуманитарните и граѓански организации предупредупредуваат за очајната состојба со која се соочуваат децата. Доколку не одговориме на оваа хуманитарна катасртофа нема да имаме никаква можност за дополнително амнестирање од одговорност.
Она на што ние како Прва детска амбасада во светот МЕЃАШИ најмногу  аплеираме е мобилност и посветеност на државите потписнички на Конвенцијата за правата на детето дека не смеат да дозволат децата да бидат изложени на  ризикот да бидат злоупотребени или раздвоени од семејствата.

ТЕХТ.МК: Во извештајот на Интерпрол се вели дека  повеќе од 10.000 деца се исчезнати од почетокот на мигрантската криза, имате ли информација за исчезнати деца на територија на Република Македонија?

ЗМИЈАНАЦ: Немаме конкретни бројки ниту подлабок увид во состојбата во Р.Македонија, но сметаме дека состојбата е загрижувачка, во секоја земја низ која поминува бегалската рута потребно е подетални и поадекватно евидентирање на децата кои патуваат. Исчезнувањето на повеќе од 10.000 деца бегалци кои патувале без придружба на родител или старател во европските земји претставува поразителен факт не само за слабоста и неорганизираноста на системот за сигурност и  безбедносниот кој треба да им се гарантира на децата беглаци кои минуваат низ мигрантската рута туку и недоволната подготвеност и организраност на државите соодветно да им се помогне во целост. Како поинаку може да се толкува фактот дека  само во Шведска се исчезнати или грабнати  1000 деца бегалци, во Германиј 5000 деца бегалци и 5000 деца беглаци во Италија. Уште колку илјади деца се грабнати и исчезнати во другите земји во Евтропската Унија?!
Она што не запрепасти е не само податокот што го даде Европол, туку како е можно криминалните структури во западно-европските земји кои постојат да се инкорпорираат во безбедносниот систем. Да биде толку порозен безбедносниот систем да можат да киднапираат, грабнуваат, да се занимаваат со трговија со деца, детски органи, секс туризам, детска проституција, детска порнографија, нелегално посвојување, злоупотреба на децата и нивниот труд во гиганти фабрики во конфециската индустрија. Криумчарењето на децата бегалци го вршат добро организирани структури кои се меѓународно поврзани и на овој тежок предизвик мора државите меѓусебно заедно да работат на размена на информации и на организирано попречување на киднапирање, грабнување и злоупотреба на децата бегалци.
Државите потписнички на Конвенцијата за правата на детето треба да дадат гаранција и да ги  охрабрат децат бегалци дека со стапнувањето на европското тло им се гарантира нивната сигурност и безбедност и дека ќе бидат сигурно и безбедно не само додека транзитираат, туку и до нивната крајна дестинација.
Со судбината на децата нема калкулирање. Не треба да се стави под прашање ниту еден основ дали се деца мигранти, дали се бегалци, дали децата бегаат од војна или се еконосмки мигранти. Едноставно, децата се пред се деца, и пред се, и над се, децата мора да бидат приоритет на секоја држава и мора да им се гарантира сигурноста и безбедноста. Најмногу може да се помогне со пронаоѓање на нивните исчезнати родители и децата да не се пуштаат сами да патуваат без придружба

ТЕХТ.МК: Европа се соочува со најголема криза во последниве неколку децении, а Македонија не сакајќи „влезе“ во центарот на кризата.  Стотици деца бегалци со денови седат на границата со Грција и во неподносливи услови чекаат да го продолжат патот кон Западот.  Имате ли ваша екипа која е катадневно во прифатилиштата за бегалци и којас е во директен контакт со децата бегалци?

ЗМИЈАНАЦ:  Немаме екипа која е секојдневно на терен но повеќе пати сме искачале и работеле на терен за различни активности. Се обидуваме колку што можеме почесто да искачаме во пресрет на потребите на луѓето кои се навистина огромни. Планираме нашата екипа наскоро да биде постојано или барем редовно на терен, имено со СОС Детско село – Македонија склучивме Меморандум за соработка при имплементација на активности поврзани со помош и поддршка на децата бегалци од Сирија и другите подрачја погодени од војна кои се наоѓаат на територијата на Република Македонија. Со обидуваме да помогнеме во креирање услови за навремена и ефикасна реализација на активности за помош и поддршка на децата бегалци од Сирија и другите подрачја погодени со воени конфликти.
Покарај досегашните активности, во транзитниот центар „Табановце“ во тек е подготовка за спроведување психо-социјална поддршка на децата во овој транзитен центар при што персоналот на Меѓаши ќе го почитува редот и правилата за работа во пријателскиот простор за деца. За директна помош на децата бегалци Меѓаши планира да набави 25 хуманитарни пакети  (обувки, облека ) наменети за децата бегалци без придружба од Сирија, знаеме дека се малце за потребите, но секоја помош е добредојдена.

ТЕХТ.МК: Доколку имате контакт со децата беглаци кои се наивните најургенти потреби, доколку не зошто не се сте присутни на теренот?

ЗМИЈАНАЦ: Потребите на терен се менуваат според различи влијаниа, доколку најпрво проблемите беа поврзани со безбедност и недостиг на основни работи како храна и вода, сега проблемите се поврзани со непроодноста на бегалската рута, условите во кои чекаат како и временските услови. Воедно се трудиме да не заборавиме дека децата се деца и имаат потреба и од игра па колку можеме работиме и во тој правец.
Уште во април минатата година реагиравме и баравме постапување со децата беглаци на начин кој ќе ги осигура неговите најдобри интереси. Предупредивме на тоа Република Македонија во сите дејствувања кои се однесуваат на децата беглаци  да претставуваат најдобрите интереси за детето.
Република Македоноја мора да гарантира за децата беглаци дека ќе го почитува најдобриот интерес на децата и на децата беглаци ќе им овозможо посебна заштита и грижа. Се повикавме на Член 2 од Конвенцијата за правата на детето и  баравме од државата да се грижи за потребите на децата бегалци и да се води грижа и на децата особено да им се обезбеди соодветна психо -терапевтска грижа за децата кои претрпеле емоционална или физичка траума. Клучна улога на државата како тогаш така и сега е  да се обезбеди  ефикасен систем на транзитирање на мигрантите во Македонија, особено на децата бегалци, да се обезбеди нивно  движење и транзитирање низ територијата на Република Македонија. Ја следевме во тој период интензивно состојбата со транзиотот, тогаш се уште немаше отвораено транзитни центри ниту во Гевгелија , ниту во Табановце.
На меѓународниот ден на бегалците потсетивме дека милиони деца како жртви на војни пребегнуваат во други земји. Речиси никогаш во историјата децата не биле изложени на толкава бруталност како што тоа се прави последниве години, особено над децата бегалци! Тие се најранливата популација во вонредни ситуации, се соочуваат со опасности од насилства, искористувања, болести, киднапирања, занемарувања.
Драматична беше ситуацијата кога  секојдневно транзитираа илјадници бегалци меѓу кои голем број малолетници.  Апелиравме македонската влада навистина веднаш да започне да го спроведува новиот Закон за азил за да не се повторуваат маките низ кои децата бегалци и нивните родители и старатели ги поминуваа претходниве денови и месеци.
Во август минатата година Меѓаши се обрати кон Владата на Република Македонија да се пуштаат децат бегалци за влез во Македонија и бараше децата бегалци да бидат во друштво со возрасни или да бидат прифатени во камп се додека детето не се спои со семејството.
На 6 јануари оваа година aктивистите нa Детскaтa aмбaсaдa Меѓaши им предaдoa нa вoлoнерките нa Oтвoренa пoртa вo бегaлскиoт кaмп вo Гевгелијa 45 пaкетчињa зa децaтa бегaлци. Дел oд пaкетчињaтa беа пoдгoтвени oд ученици oд среднoтo училиште Арсениј Јoвкoв oд Скoпје.  Во февруари оваа година упативме барање до МТСП за директна  работа, помош и поддршка на децата бегалци  во однос на психо-социјалните активности, кои сакаме да ги спроведувате во Транзитниот Центар Табановце. Тие не упатија до  Ла Страда, Уницеф и СОС Детско село, за понатамошно усогласување за потребите и реализација од овие активности. По координација со СОС детското село  склучивме Меморандум за соработка и доставивме  ни предлог- програма  до МТСП за активностите кои ќе ги реализираме.

ТЕХТ.МК: Каква ви е комуникацијата со Владата во однос на прашањето за бегалската криза?

ЗМИЈАНАЦ: Уште на почетокот на бегалска криза Амбасадата Меѓаши побара на сите деца бегалци од меѓуграничниот појас да им се дозволи влез во земјава. Децата кои се запрени на граничниот појас Владата треба веднаш да ги пушти затоа што Македонија е потписник на Конвенцијата за правата на детето. Недозволиво е децата-бегалци легнаати на шини кај Идомени да протестираат  поради затворената граница . Македонија  за децата беглаци треба да ја отвори својата граница. Но истотака терба соладарно и хуманистички  поактивно да си ги преземат и  дел од обврските и Европската Унија и меѓународните организации за помош и поддршка на децата мигранти. Генерално, сите земји во Европа потклекнаа во  справување со бегласката криза. Со влегување во Грција како прва тие веќе се влезени  во ЕУ затоа  сите напори да се помогне на Грција, Македонија, Србија, во могу зависи справувањето со бегалската криза и нивната безбедност во влезот на европско тло. Со затварањето на границите се затвара и можноста на овие деца страдалници погодени од војна да им се помогне. Европа паѓа на испитот на хуманост, солидарност и помош кога некому му е најтешко. За овие постапки со затварање на границите само се продалбочува голготат на овие стадалници а најмногу  ќе бидат погодени децата беглаци. Европските земји иако се потписници на многу конвенции и ратификувани документи кои се однесуваат на заштита на децата бегалции почитување на основните права на децата, сепак потклекнаа и не ги испочитуваа доследно.

ТЕХТ.МК: Манипулацијата со децата кои немаат прирдружба од родители или семејството одсекогаш била присутна, трафикикнгот и проституцијата се присутни, како да се спречи ова?

ЗМИЈАНАЦ: Овие криминални  организирани структури  кои оперираат во рутите каде транзитираат бегалците на европско тло се  тесно врзани со криминалните структури во Сирија и Ирак од каде се упатуваат бегалците. Тие добиваат информации и ги искористуваат слабостите на  државите низ рутата каде транзитираат овие страдалници кои бегаат од пеколот на војната. Меѓународниот фактор мора да се мобилизира и сериозно да пристапи кон овој проблем за да не дојде до злоупотребување на децата бегалци…Не смее да им се дозволи да транзитираат деца  без родител, без најблизок во семејството.
Владите имаат обврска и одговорност да ги почитуваат меѓународните документи ратификувани во нивните собранија. Имено,  потестуваме на Конвенцијата на обединетите нации  за сузбивање на трговијата со жени и деца донесена од страна на Лигата на народите во 1921, Конвенција против транснационален организиран криминал, донесена од ОН во 2000 година, со цел поголема и подобра соработка за превенција и борба со цел сузбивање на организираниот криминал. Истата е надополнета со Протокол за превенција, сузбивање и казнување на трговијата со луѓе, особено со жени и деца (кој е прв инструмент кој ги третира сите аспекти на трговијата со луѓе, на универзален начин кој во сила влегол во декември 2013 година),. Ги потсетуваме дрѓавите на Протоколот против криумчарење мигранти по копно, вода и воздух (кој стапил на сила во јануари, 2004 година).Македонија ја има потпишано во 2000 год и ратификувано во 2004.
Обврсите произлегуваат и од други меѓународни документи:

Конвенцијата за забрана на трговија со луѓе и искористување на други за проституција

  • Европската конвенција за посвојување на деца,
  • Хашката конвенција за јурисдикција, применливо законодавство и признавање на правилници кои се однесуваат на посвојувања,
  • Конвенцијата бр. 138 на Меѓународната организација на трудот за минимална возраст за вработување и
  • Европската социјална повелба со посебен осврт на член 7 во врска со правото на заштита на деца и адолесценти

ТЕХТ.МК: Каде го гледате излезот од бегласката криза, особено што се почесто се слуша дека оваа пролет ќе имаме пола милион бегалци…

ЗМИЈАНАЦ: Во подигање на јавната свест за важноста секоја држава да се мобилизира и одговори соодветно на овој голем хуманистички и солидарен предизвик. Важноста да им се помогне пред се на децата беглаци е клучна во одговорот и решението на оваа бегалска криза. Се зголемува се повеќе бројот на деца бегалци кои се патуваат кон границите на Европската Унија и сите заедно се доведени пред испит. Ќе одговорат  на овој предизвик соодветно или ќе ја влошат состојбата. За подигање и мобилизирање на јавното мислење за важноста на почитување на еден од најважните хуманистички и човекови принципт за помош кога некому му е најпотребна Детската амбасада Меѓаши, во соработка со Форумот за слобода на образованието од Хрватска, подготви публикацијата „Сите сме деца на овој свет: како со учениците да се разговара за бегалската криза“. Дејноста на Детската амбасада Меѓаши, покрај непосредното вклучување во помагањето на бегалците, исто така е и етичкото и мировното образование.
Исто така група на граѓански организации од регионот како што се Ромскиот Центар за демократија од Србија, Partnere per Femijet од Албанија, Првата детска амбасада во светот-Меѓаши од Македонија и Vive ZENE од Босна и Херцеговина заедно со  нашите партнери се Центарот за мир и толеранција од Косово и ИМАПКТ од Македонија дизајнираа заедничка кампања WINK for HELP  со меѓународно признати говор на телото како знак за помош кога некој е во невоља. WINK for HELP ќе биде тивок СОС сигнал за да ги предупреди властите кога некое лице е во невоља. Целта на оваа кампања  е да сеспречи  трговијата со луѓе особено на оние кои транзитирале низ Европа. Намигнувањето  ЗА ПОМОШ ќе се создаде универзален знак СОС  да се помогнат во спречувањето на трговијата со луѓе, нивно грабнување, киднапирање и злоупотреба.
Во наредниот период  двајца психолози од Детската амбасада Меѓаши во наредните три месееци еднаш неделно ќе одат во прифатниот бегалски камп во Табановце, каде ќе работат со децата бегалци, на нивното психолошко јакнење на пост-трауматско и психолошко јакнење на децата за да тие можат да издржат во напорите да излезат послилни борејќи се со егзодусот кој го преживуваат.

ТЕХТ.МК: Верувате ли дека новиот план за затворање на „балканската рута“ ќе придонесе за намлување на бројот бегалци и со тоа намалување на прекршувања на правата на децата?         

ЗМИЈАНАЦ:  Затворањето на границите во Европа, кое го превземаa европските држави поради загриженоста што ја предизвика бегалската криза ќе предизвика дополнителен хаос и конфузија, а со тоа и зголемување на опасноста од прекршување на правата на детето и злоупотреба на децата бегалци.