Контакт
English Македонски Shqip
 
За Амбасадата
Активности
Права на детето
СОС телефон за деца и млади
Извештаи, Информатори
Дипломатски Кор на Амбасадата
Глобална кампања за образование 2006/7/8
Детски работилници
ГПМ Активности
Корисни Линкови
Публикации
Архива
Образование за мир
Глобална недела на акција 2009/2010
Градење култура на детско учество
Детство без насилство
Истражување за правата на детето, дискриминација и насилство
Водич за родители и наставници за заштита на децата од педофилија
Алтернативен извештај на невладините организаци кон државните извештаи за состојбата со правата на детето во Република Македонија
Алтернативен извештај за состојбата со правата на децата во Република Македонија подготвен од децата

Донирајте

075/14 34 24

донирајте 50,00 денари  

070/14 34 24

донирајте 100,00 денари

077/14 34 24

донирајте 100,00 денари

Ви благодариме!
Вашaтa донација ќе биде искористена за дневниот центар за деца на улица

Електронски информатор

Тука може да го симнете нашиот електронски информатор Бушавко бр. 38

 Преземи
  PDF 620 KB

"Сонувај" - химна на кампањата за поддршка на децата и младите жртви на сексуална злоупотреба


Музика, текст, аранжман и продукција: Александар Масевски Пеат: Александра Пилева, Браво Бенд, Gemini, Бени Шаќири, Мартин Србиновски, Деана Николовска, Next Time, Елена Петреска, Даниел Стојмановски, Мартин Вучиќ, Андријана Јаневска, Иле Спасев, Танја Б и Александар Масевски


Слушнете ја тука:


 погледнете го спотот тука!

_________________________

Ревизорско мислење за 2008 година

Тука може да го симнете ревизорското мислење 

Преземи
PDF 1220 KB

Децата учат..

Верзија за печатење
JPG 203 KB

 
Исчезнати!?

Семејствата Мемеди и Хелговиќ од Куманово пред четири месеци првпат се видоа, првпат се запознаа. Ги споија децата. Им ги снема најмалите, најмилите. И се’ уште ги нема!
Детските трауми тешко се лекуваат

Децата кои беа силувани од својот татко се сместени во згрижувачко семејство, но нивната судбина останува неизвесна
НАЦРТ КОДЕКС ЗА НОВИНАРИ И МЕДИУМИ ПРИ ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СЛУЧАИ НА СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕЦА И ПЕДОФИЛИЈА

РЕАКЦИЈА ПО ПОВОД ПОСЛЕДНИОТ СЛУЧАЈ НА РОДОСКВЕРНАВЕЊЕ ОД СТРАНА НА ТАТКОТО ОД ВЕЛЕС ВРЗ НЕГОВИТЕ ТРИ ЌЕРКИ
Првата детска амбасада во светот Меѓаши во врска со последниот случај на родосквернавење од страна на таткото од Велес врз неговите три ќерки ги контактираше Центарот за социјална работа (ЦСР) – Велес и Секретаријатот за внатрешни работи (СВР) – Велес. Од страна на директорката на ЦСР – Велес бевме известени дека ова семејство до сега не било евидентирано кај нив, а за подетални информации не упати да се обратиме писмено.
Правото на топол дом за децата најзагрозено во Македонија Драги Змијанац, извршен директор и основач на Првата детска амбасада „Меѓаши“.

Журнал: Според Вашето долгогодишно искуство и податоците кои ги имате во Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ кои права на децата најмногу се загрозуваат во Македонија?
Во најновиот број на електронскиот информатор на Амбасадата БУШАВКО бр 38 (Април - Јуни 2010) можете да ги прочитате следните содржини:

1.Првата детска амбасада во светот Меѓаши -Република Македонија, на 29 Април 2010 година го прослави својот 18ти роденден 2. Во Женева 54-та сесија на Комитетот за правата на детето - на сесијата се разгледуваше вториот периодичен извештај на Република Македонија кон КПД и иницијалните извештаи за факултативните протоколи на конвенцијата 3. Препораките на Комитетот за правата на детето при ООН доставени до Владата на Република Македонија по основ на Вториот периодичен извештај и иницијалните извештаи 4.Осомничен педофил од ОБСЕ злоупотребувал деца 5.Глобална кампања за образование: Една цел - Настава за сите 6. Се трага по 4 деца изчезнати за само еден месец 7.Злоупотреба на деца во политички цели 8.Има ли во Македонија трговија со деца? 9.Меѓународен ден на децата 10.Меѓународен ден на СОС 11.Ден против злоупотреба на детскиот труд 12 јуни 12.Прифатилиштата не се спас за децата Роми
Препораките на Комитетот за правата на детето при ООН доставени до Владата на Република Македонија по основ на Вториот периодичен извештај и иницијалните извештаи

КОМИTET ЗА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО
ОБСЕ не го коментира случајот за нивниот вработен кој е осомничен за поседување на детска порнографија во компјутерскиот систем.

„Немам коментар за ова прашање, тоа е прашање за други власти и немам други информации освен оние од медиумите “, рече Кнут Волебек високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ.
Во Женева 54-та сесија на Комитетот за правата на детето-На сесијата се разгледуваше Вториот периодичен извештај на Република Македонија на Конвенцијата за правата на детето

М-р Драги Змијанац директор и основач на Првата детска амбасада во светот Меѓаши и Кети Јандријеска Јованова адвокат – надворешен соработник на Хелсинсшкиот комитет за човекови права на 27 и 28 мај, 2010 година, учествуваа на 54-та сесија на Комитетот за првата на детето.
Глобална кампaња за образование - Една цел: Настава за сите

Првата детска амбасада во светот Меѓаши и оваа година се приклучи кон Глобалната кампања за вклучување на децата во образование. Во повеќе од 100 земји низ целиот свет, познатите светски фудбалски ѕвезди се здружија со милиони деца со цел сите да имаат можност да одат во училиште и да учат. Покрај тоа што имавме забавен настан на ова многу важно прашање, се надеваме да влеземе во историјата со постигнување на Светски рекорд за најголемиот симултан час.
Во најновиот број на електронскиот информатор на Амбасадата БУШАВКО бр 37 (Јануари - Март 2010) можете да ги прочитате следните содржини:

1. Реакции за заштита на правата на децата и барање одговорност од надлежните институции 2. Реакција до Здружение на новинари на Р.Македонија за повреда на приватноста на дете со објавен напис во печатен медиум 3. Продолжува борбата против педофилијата, родосквернавењето и сексуалното злоставување врз децата 4. Презентирани Алтернативните извештаи за состојбата со правата на децата во Република Македонија пред Комитетот за правата на детето при Обединетите нации во Женева на 3 февруари 2010 - Елена Димитриевска и Васка Бојаџи имаа посебна средба со членовите на Комитетот за правата на детето при Обединетите нации 5. Презентација на Детскиот алтернативен извештај за состојбата со правата на децата во Република Македонија - „Масовно се кршат детските права“ - „Ќотекот царува во училиштата“
Прва национална конференција за детско учество

Првата детска амбасада во светот Меѓаши организираше Прва национална конференција за детско учество, во вторник, 16 Март 2010 година во Младинскиот културен центар, кино Фросина, со почеток во 11:30 часот. Конференцијата беше дел од проектот Градење култура на детско учество, финансиран од Европската Унија, а кофинансиран од УНИЦЕФ.
КАМПАЊА ,,ЗА НАСИЛСТВОТО НЕ ТРЕБА ДА СЕ МОЛЧИ‘‘

Првата детска амбасада во светот Меѓаши започна кампања со мото „За насилството не треба да се молчи“. Целта на оваа кампања е информирање на јавноста за проблемите со насилството на кое се изложени децата во Македонија.
Детскиот Алтернативен извештај за состојбата со правата на децата во Република Македонија

подготвен од децата вклучени во проектот „Градење култура на детско учество“

 
Во најновиот број на електронскиот информатор на Амбасадата БУШАВКО бр 36 (јули-декември 2009) можете да ги прочитате следните содржини:

•Алтернативните извештаи за состојбата со правата на децата; •Истражување - Перцепција на децата за нивните права, дискриминацијата и насилството врз децата -; •Борбата против педофилијата, родосквернавењето и сексуалното злоставување врз децата, продолжува; •Реакции до Советот за радиодифузија за емисиите „Нешто убаво“ и „Момент на вистината“;
Извештај за СОС телефон за деца и млади 0800 1 2222 (бесплатна линија) јануари-декември 2009та година

СОС телефонот за деца и млади 0800 1 2222 при Првата детска амбасада во светот Меѓаши во 2009та година направи 16 години од неговото постоење. Во текот на тие 16 години, до денес регистрирани се 17 784 пријави на различни видови проблеми со кои децата секојдневно се соочуваат.
Презентација на Алтернативните извештаи за состојбата со правата на децата во Република Македонија подготвени од Националната коалиција за правата на детето на Република Македонија

ПЕРЦЕПЦИЈА НА ДЕЦАТА ЗА НИВНИТЕ ПРАВА, ДИСКРИМИНАЦИЈАТА И НАСИЛСТВОТО ВРЗ ДЕЦАТА

Првата детска амбасада во светот – Меѓаши во перидот од 1ви до 8ми Јуни 2009 година спроведе истражување меѓу ученици од петто до осмо одделение во 41 основно училиште во 7 градови во Македонија (Куманово, Скопје, Тетово, Кичево, Кавадарци, Прилеп и Струмица) и ученици од прва до трета година во 24 средни училишта во во 16 општини -6 града во Македонија (Куманово, Скопје, Тетово, Кавадарци, Прилеп и Струмица) . 
Реакција на свирепото телесно казнување на 7 годишното дете со последица смрт

Одговор на Советот за радиодифузија на барањето за доставување снимка од емисијата „Момент на вистината“
Советот за радиодифузија на Република Македонија ќе покрене прекршочна постапка
Реакција за сведоштвото на детето жртва на семејно насислство во Емисијата ’Нешто убаво„ на ТВ Сител емитувана на 28.08.2009

Државата молчи и гледа како деца дишат лепило

Ниту една институција не сака да ги згрижи децата-зависници од хероин и од лепило
ЛЕТНИ ЦИРКУСКИ РАБОТИЛНИЦИ

ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ ВЕ ИЗВЕСТУВА ДЕКА ВО ПЕРИОДОТ ОД 27. ЈУЛИ, ПОНЕДЕЛНИК ДО 31 ЈУЛИ, ПЕТОК ПО ВТОР ПАТ ЌЕ СЕ ОДРЖАТ ЛЕТНИ РАБОТИЛНИЦИ ПО ЦИРКУС. ПРАВО НА УЧЕСТВО ИМААТ СИТЕ ДЕЦА ДО 16 ГОДИШНА ВОЗРАСТ
Електронски информатор БУШАВКО бр. 35 (март 2009-јуни 2009)

Во него може да прочитате: 17ти роденден на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, Република Македонија; предлог иницијатива за реализација на заложбата за Детско амбасадорско столче во Генералното собрание на ООН; продолжува борбата против педофилијата и сексуалната злоупотреба врз децата ; обуки за судии и јавни обвинители и новинари за правата на детето со посебен акцент на заштита од сексуална злоупотреба и педофилија; светски ден на СОС детски линии и светски ден против злопупотреба на детскиот труд; Градење култура за детско учество; Глобална кампања за вклучување на сите деца во образованието; Детство без насилство; Дневен центар за деца на улица и многу други активности и содржини за директна помош и заштита на децата...
ТРЕНИНЗИ ЗА НОВИНАРИ ЗА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО СО АКЦЕНТ НА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА ОД СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА И ПЕДОФИЛИЈА

Во периодот од 26 до 28 Јуни и од 1 до 3 Јули 2009 Детската амбасада Меѓаши одржа два основни тренинзи од областа на правата на детето со посебен акцент на сексуалната злоупотреба и педофилијата.

Тренинг за новинари за правата на детето (01 - 03  јули 2009, Кичево)

"""

Тренинг за новинари за правата на детето (26 - 28 јуни 2009, Кичево)

"""

ПОСЕТИ ОД ИТАЛИЈАНСКИТЕ ЕВРОПРАТЕНИЦИ И ITO SUPPORTING COMITY ОД ЈАПОНИЈА

Италијанскиот европаралментарец Alessandro Battilocchio и Претседателот на FIDEAS Dr. Giuliano Bartolomei во посета на Првата детска амбасада во светот Меѓаши
Меѓународен ден на СОС линиите за помош и поддршка на децата во светот

По повод 17 – ти мај – Меѓународниот ден на СОС линиите за помош и поддршка на децата во светот, Првата детска амбасада во светот Меѓаши ја информира јавноста за состојбата на нашиот бесплатен СОС телефонот за деца и млади 0800 12222 а воедно и потсетува за значењето кое го имаат линиите за помош на деца. 
Реакција на се позачестените случаи на родосквернавење и сексуaлно злоставување на децата во Македонија како и несоодветен третман со децата жртви на инцест и педофилија

- Кој ги силува децата во Македонија – дали во борбата против педофилијата забораваме низ какви трауми поминуваат децата жртви? - зошто некои од децата жртви на родосквернавење ги менуваат своите изјави? - дали децата жртви се оставени на милост и немилост од страна на институциите на државата?
Очув со месеци ја силувал малолетната посвоена ќерка

НОВ СЛУЧАЈ НА ПЕДОФИЛИЈА ВО ПРИЛЕП Очув со месеци ја силувал малолетната посвоена ќерка Петнаесетгодишно девојче од Прилеп цели четири месеци било силувано од својот очув. Мајката на тинејџерката, која е болна од карцином, пред неколку дена дознала за кошмарот низ кој поминува нејзината ќерка, но веднаш не го пријавиле сопругот в полиција плашејќи се да не останат на улица, објави прилепската полиција.
ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ „СОНУВАЈ МИРНО“

На 29 април 2009, со почеток од 21:00 часот во дискотеката Hard Rock, ЦИРа и Првата Детска Амбасада во Светот Меѓаши организираат Хуманитарен концерт „Сонувај Мирно“. Концертот се организира во рамките на Кампањата за поддршка на деца и млади - жртви на сексуална злоупотреба. На концертот ке настапуваат: Елена Петреска, Иле Спасев, Мартин Србиновски, Марјан Стојановски, Зоран Џорлев, Игор Митровиќ, Браво Бенд, Силви Бенд, Влатко Лозановски, Дани, Џемини, Мартина, Ристо Самарчиев, Дони, Боби – Beetbox, Маја Саздановска, Влатко Илиевски, Ева, Тони Зен,Јован Јованов ,Александара Пилева, Next Time, Александар Масевски, Елвир Меќич, Даниел Стојмановски, Бени Шакири, Тања Б.,Деана Николовска, Андријана Јаневска, Биба Додева Водителка на концертот ќе биде Лила Филиповска Цена на влезница за концертот изнесува 150 денари.
РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ ЗА ВРЕМЕ НА ГЛОБАЛНАТА НЕДЕЛА ЗА АКЦИЈА-ГЛОБАЛНА КАМАЊА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ 2009

Главниот настан во Скопје по повод КАМПАЊАТА се одржа на 22 април во 12 часот на Градскиот плоштад во Скопје со МАРШ за образование.
Големата книга

Oваа година во ГОЛЕМАТА КНИГА своите приказни ги споделија: Нелсон Мандела, Кралицата Ранија од Јордан (Почесна претседателка на Глобалната кампања за образование- Неделата на акција 2009), Алис Вокер, Дакота Блу Ричардс, Пауло Коелјо, Маргариет Рурс, Ерик Валтерс, Марла Стјуард Конрад, Девли Кумар, Лена Дивани, Франк Б. Едвардс и многу други. Нивните приказни се прикачени во оваа порака.
Глобална кампања за едукација - Кралицата Ранија почесна претседателтка за 2009

За време на еднонеделната кампања која траеше од 20 до 26 април 2009 година беа организирани неколку настани. На 22 април во училиштата низ целиот свет се одржа ГОЛЕМОТО ЧИТАЊЕ, кога децата посветија еден училишен час на читање на приказни и дискутираа за значајноста на образованието. Главниот настан на ГОЛЕМОТО ЧИТАЊЕ се одржа на 22 април на Градскиот плоштад во Скопје и на јавни локации во останатите општини во Македонија.
Јавни личности поддржувачи

Секоја година Глобалната кампања за Едукација добива поддршка од голем број на индивидуалци и организации од целиот свет, во продолжение се само некои од многуте кои ја дадоа својата поддршка.
Институциите затечени од случајот на силуваните сестрички

Грозоморниот случај со двете малолетни девојчиња што три месеци биле жртви на сексуалната настраност на својот татко, како да ги затече надлежните институции, па вчера неубедливо се оградува од одговорноста за инцидентот. Првата детска амбасада „Меѓаши“ вината за целиот случај ја побара во скопскиот центар за социјални работи (ЦСР) преку кој одело згрижувањето на двете девојчиња во интернатот во скопското село Љубанци.
Електронски информатор БУШАВКО бр. 34 (октомври 2008-февруари 2009)

Во него може да прочитате: продолжува борбата против педофилијата и сексуалната злоупотреба врз децата; дуплоповисоки казни за педофилите; кампања за одговорно родителство; реакции за физичко и психичко насилство врз децата; Детската амбасада Меѓаши со најголема доверба кај граѓаните,.....
Градење култура на детско учество

Првата детска амбасада во светот – Меѓаши на 23 Декември 2008 година, започна со спроведување на проектот „Градење култура на детско учество“, финансиран од Европската Комисија, како дел од програмата за европски инструмент за демократија и човечки права – (ЕIDHR) и кофинансиран од UNICEF.
Народниот правобранител одговори на писмената преставка на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, Република Македонија во врска со случајот на Агуш Салиоски.

„Министерството за здравство го известило Народниот правобранител дека при стручниот надзор Комисијата утврдила и стручни пропусти, односно не била навреме извршена хируршка обработка на раната, ненавремено биле регистрирани промените на состојбата на раката на детето, гипсот не бил отстранет во целост,...“
Првата дама на Словенија Барбара Миклиќ - Тирк во посета на Првата детска амбасада

Првата дама на Словенија госпоѓата Барбара Миклиќ – Тирk  имаше средба и со децата кои се вклучени во Дневниот ценар за деца на улица, со децата од Детските работилници и со работниот тим во Амбасадата
Силуваните деца препуштени сами на себе

Ниту некој не' побарал ниту не' прашал како сме по грозоморната сексуална тортура низ која поминало моето девојче, вели нашата соговорничка
Скопска апелација ја потврди 15 годишната казна затвор за педофилот од Богомила

Скопска апелација ја потврди 15 годишната казна затвор за педофилот од Богомила. Повисокиот суд се согласил со пресудата на велешкиот Основен Суд кој во септември минатата година го прогласи за виновен 57 годишниот Трајче Петковски.
ВО СТРУШКОТО СЕЛО ЛАБУНИШТА

Деветгодишно девојче силувано од пријател на мајката
„ДАЛИ ДЕНЕС РАЗГОВАРАВТЕ СО ВАШЕТО ДЕТЕ?‘‘

Првата детска амбасада во светот - Меѓаши, Република Македонија по трет пат ја спроведува кампањата за одговорно родителство со повеќе внимание и љубов кон децата, но сега со слоганот
НОВО БЕГСТВО ОД СКОПСКИОТ ДОМ ЗА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ

Деветгодишно девојче избега од Дом
Последна шанса за биолошките родители да го вратат чедото

Ако родителите се откажат од Бошко, ќе го изгубат родителското право
Тепаното дете од Пехчево болно и од шуга

Засега не знаеме дали единаесетгодишното дете од Пехчево заболело од заразната болест поради третманот во Домот за деца „11 Октомври“, велат од Детската амбасада Меѓаши
Дете болно од рак жртва на насилство во Дом за деца без родители

Исплашен од целиот случај единаесетгодишникот рекол оти ќе се фрли под автомобил ако го вратат во Домот
НОВОГОДИШНИ РАБОТИЛНИЦИ ВО ТЦ РАМСТОР

Во периодот од 15 до 30 Декември, во просториите на трговскиот центар Рамстор, Првата детска амбасада во светот Меѓаши, учествува со новогодишни работилници.
Загрижувачки бројки на малолетничка деликвенција Катерина ГетеваКоментари (0)
Малолетните деликвенти најчесто завршуват во Шутка
Светски ден за превенција од злоупотреба на децата (19 Ноември) и Светски ден на детето (20 Ноември)

Првата детска амбасада во светот - Меѓаши потсетува на два значајни датуми за почитување на детските права во светот. Денес, е Светски ден на превенција од злоупотреба на децата, а утре, Светскиот ден на детето.
Започна кампањата Види, слушни, кажи

На 07 Ноември, во 11 часот, во просториите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши се одржа прес конференција по повод започнување на кампањата „Види, слушни, кажи”.
Фонд за поддршка на деца и млади жртви на сексуална злоупотреба

Загрижени од секојдневните вести и случаи на сексуална злоупотреба на деца и млади во Македонија, на 26 септември 2008 ЦИРа и Првата Детска Амбасада во Светот-Меѓаши започнaa Kампања за прибирање средства од страна од граѓаните и претријатијата за формирање на Фонд за поддршка на деца и млади - жртви на сексуална злоупотреба во Македонија.
ИНТЕРВЈУ: ДРАГИ ЗМИЈАНАЦ, ДИРЕКТОР НА ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ - Вечер 13.10.2008 новинар: Даниела Трајковска

Европските законодавства немаат милост за педофилите. Се досудуваат најстроги казни, а доминира казна доживотен затвор. Во Норвешка на педофилите им се вградуваат локатори-микрочипови, а во Данска се врши хемиска кастрација над педофилите повратници
Листа на поддржувачи на кампањата за формирање Фонд за поддршка на деца и млади жртви на сексуална злоупотреба

· Влатко Стефановски · Андријана Јаневска · Марјан Стојановски · Елена Петревска · Бени Шаќири · Нора Шаќири · Лила Филиповска · Зоран Атанасовски-Монси · Ќазим Асотиќ · Милка Ефтимова · Игор Митровиќ · Јасминка Чакар · Ева · Бубо Каров · Дарко Анастасовски · Маја Вукичевиќ · Александар Масевски · Искра Трпева · Драган Спасов Дац · Ѓорѓи Кртсевски 
Интервју со М-р Драги Змијанац за Новинска агенција ФОКУС, Бугарија 25 септември 2008 Новинар: Сунчица Стојанова

1. Г-н Змијанац, Владата преку одредени министерства почна да спроведува акција за да ги згрижи децата од улица. Како ја оценувате акцијата?
Меѓаши: Питањето не се решава со полициско апсење


Акцијата „Питачење“ и интензивно собирање на питачите од улиците нема да го решат проблемот со злоупотребата на детскиот труд, сметаат од првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.
Реакција по повод зачестените случаи на педофилија во Македонија

- до кога судиите ќе им досудуваат на педофилите најблаги казни?
Летни циркуски работилници за децата членови на Амбасадата



Првата детска амбасада во светот на 01 Август, 2008 година, ја изведе завршната претстава што ја подготвија децата членови на Амбасадата и волонтерите од Франција од Циркуската школа - Национален центар за циркуска уметност. Претставата со презентација вештини и знаења за изведба на Циркус  се изведе во дворот на Детската амбасада Меѓаши.
Промоција на книга -ОДАМ НА СУД-

На 2 јули 2008 година, во Домот на АРМ се одржа промоција на книгата -Одам на суд-.
Глобалната недела на Акција 2008: - Шакира Почесна претседателка

Особена чест и задоволство ни е да Ве известиме дека музичката ѕвезда Шакира оваа година е Почесен претседател на Глобалната недела на Акција и како поддржувач и активен учесник во оваа кампања ќе направи се што е во нејзин домен да допринесе за вклучување на Сите во образование.
Специјална меѓународна награда дадена на 9 изадание на манифестацијата „Ангел на годината 2008‘‘ 28 јануари, Милано, Италија

Angelo dell'anno 2008
9 Издание, Манифестација „Ангел на годината‘‘
Милано, Театар „Dal Verme” 28 јануари 2008
Специјална меѓународна награда се доделува
на М-р Драги Змијанац
Дали денес му кажавте на вашето дете колку го сакате?

Првата детска амбасада во светот-Меѓаши продолжува со минатогодишната кампања за повеќе љубов и внимание кон децата но сега со слоганот “Дали денес му кажавте на вашето дете колку го сакате?”.
12. јуни - Меѓународен ден против злоупотреба на детскиот труд.

Децата на улица во Република Македонија ги има од сите возрасти и националности, но најмногубројни - 58%, се Роми. Исто така, загрижува и сознанието дека: 15,5% од децата на улица се од предучилишна возраст, 64% на возраст од 7 до 14 години, 88, 5 % манифестираат социјално неприфатливо однесување, а 11, 5% имаат толерантно социјално однесување (според Заводот за социјални дејности во Скопје).
ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕТСКИ ТРУД!

По повод трагичната смрт на 13-годишното дете Авни Адеми од Гостивар
Децата од Македонија се вклучија во светската кампања за Oбразование

Децата од Македонија со симболично формирање на ланци-синџири на градските плоштади во повеќе градови ја одбележаа кампањата за нивно вклучување во образованието „Придружете се! Право на образование СЕГА!”, што ја организира Првата детска амбасада во светот - „Меѓаши“. Централниот настан на кампањата, што се одржа во Скопје, го посети премиерот Никола Груевски, при што ја потпиша гаранцијата поставена од организаторот за вклучување на сите деца во образованието. 
Тимот на Глобална Недела на Акција 2007 се сретна со Претседателот Бранко Црвенковски

По повод кампањата ПРИДРУЖЕТЕ СЕ! Право на образование СЕГА! На 25.04.2007 среда, во 13.00 часот, делегација на деца и претставници на Првата детска амбасада во светот – МЕЃАШИ имаше средба со Претседателот на Република Македонија г-дин Бранко Црвенковски.
СТОП! На насилството врз децата

Првата детска амбасада во светот – Меѓаши започна со кампањата против насилството врз децата во Македонија.
ЛИСТА НА КОРИСНИЦИ НА ДИПЛОМАТСКИ ПАСОШ

Во согласнот со член 8,9 параграф 1-4 од СТАТУТОТ на Првата детска амбасада во светот – Меѓаши РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, во согласност со одлуката на Колегиумот и Стаутот во врска со песудвањето дипломатски пасош, косриниците се:
РОДИТЕЛИ ЈАВЕТЕ СЕ АКО САКАТЕ:

ОБРАЗОВАНИЕ ЗА МИР

Деца, јавете се ако сакате:

Да станете член на големето светско детско семејство
До: Средствата за информирање
Почитувани, Првата детска амбасада во светот - Меѓаши и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија реагираат по повод прилогот "Сексуално насилство врз три сопствени ќерки" објавен на А1 Телевизија во саботата на 24.06.2006 од новинарката Маре Стоилова.
Глобална недела на акција 2006

Обединети во оваа задача, во 112 земји во светот, милиони деца и возрсани вклучени во кампањата одржуваа симулирни судски сослушувања, подучуваа, маршираа по улици, боеа слики, праве постери, се среќаваа со официјални лица, гласаа за наставници и го додадоа својот глас кон кампањата.. Меѓу познатите личности кои се вклучија во оваа кампања беше и Анџелина Џоли. И Македонија беше дел од оваа глобална кампања.
 

"""

Документарен филм - Прва детска амбасада во светот Меѓаши

Партнерства

Партнер за 2009г - 2010г.

листа на подржувачи 2010
Листа на подржувачи 2009

Меѓународни Членства

Меѓаши е дел од

Домашни Коалиции
Меѓаши членува во:

 

 

 

italian version of the site

 

 

 

Неделно ТВ интервју - Драги Змијанац

Радио Слободна Европа

 

Во Македонија секојдневно има 2000 деца кои питачат на крстосниците. Тие се најчести жртви на насилство. Кога тие деца ќе се вклучат во основното образование верувам дека оваа појава ќе се намали повеќе

Насилство зема се поголем замав меѓу младите... Убиства во кои извршители се млади луѓе... Малолетници убија таксист...

Кинооко за насилството и младите со Марија Ралева, психијатар, Драги Змијанац од Првата детска амбасада Меѓаши и Цена Чаловска инспектор во Министерство за внатрешни работи.
Видео прилози : А1, Алфа тв, Сител, Канал 5
Уште една хумана мисија ја спои естрадата