Почетна » Архива » 2012


Активности по повод 20 годишнината на Првата детска амбасада во светот - Меѓаши

Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ е најстара граѓанска организација во Македонија за заштита на правата на детето, основана на 29. април 1992. година. Со одбележувањето на 20-тиот роденден го започнуваме одбележувањето на јубилејот. Во план се прес конференции, свечени академии, кампања, забава за волонтери, средби со некогашните деца бегалци, доделувања признанија, инаугурации, документарни филмови, публикации, промотивни материјали, конкурси за деца/училишта, изложби, промоции на збирки поврзани со бегалските кризи во 90те, одбележување на значајни датуми поврзани со децата и нивната заштита... Во овие рамки ќе биде промовирана и Монографија во која ќе бидат опишани позначајните активности и резултати од работата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши во изминатите 20 години.

Монографијата ќе биде испечатена на 500 до 1000 примероци и Вам како социјално одговорна компанија ви се нуди можност за промоција преку закуп на рекламен простор. Со тоа Вие ја помагате работата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши за директна помош и поддршка на децата.

Монографијата ќе биде исто така достапна и во електронска форма на веб сајтот на Меѓаши koj забележува 15 000 посетители годишно, и исто така ќе биде линкувана во информаторот Бушавко кој се праќа на преку 120 000 домашни и странски адреси.

Сите заинтерсирани може да се јават на телефонскиот број 071/399-079 како и да пратат меил на info@childrensembassy.org.mk

1/1 страна откупен рекламен простор ќе чини 1000 евра
½ страна откупен рекламен простор ќе чини 500 евра
¼ страна откупен рекламен простор ќе чини 250 евра
1/8 страна откупен рекламен простор ќе чини 150 евра

Оваа активност на Првата детска амбасада во светот Меѓаши е еден вид прибирање средства од домашни извори со цел реализација на своите активни програми и активности, кои за жал не се поддржани во моментов.

Подетални информации околу активностите и работата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши може да најдете на нашата интернет страна www.childrenseembassy.org.mk или да се јавите на телефонските броеви 02/ 2465 – 316 или 02/2463 - 900