Почетна » Архива » 2011


ШВЕДСКА МАКЕДОНИЈA МОБИЛИЗАЦИЈА ЗА ДЕЦАТА БЕСА И БЕСИЈАН
2 август 2011 Гостин колумнист Јана Зенговска координатор на СОС телефонот за деца и млади при Првата детска амбасада во светот Меѓаши Македонија 

Првата детска амбасада во светот Меѓаши беше информирана од страна на медимум од Република Македонија дека две малолетни деца Беса и Бесијан Арифи на возраст од 9 и 5 години, државјани на Република Македонија со престој во Шведска треба да бидат депортирани од шведскиот град Лунд во нивната матична земја.

Според информациите кои ги добивме родителите на децата уште во 2006 година се со нелегален престој во Шведска. Таткото починал пред некоја година и неговиот идентитет е непознат од македонското Министерство за внатрешни работи, мајката Мукадер Арифи (30 години) која има психички проблеми откако неколкупати аплицирала за редовен престој и била одбиена, ги оставила двете деца од пред 3 години на милост и немилост во прифатилиште и изчезнала.

Во меѓувреме децата, девојчето и нејзиното помало братче, почнале да одат на училиште и во градинка, така што шведскиот е единствениот јазик што го зборуваат.
Медиумите информираа дека, и покрај тоа што децата имаат македонско државјанство, нивните роднини во Арачиново не сакаат да ги згрижат децата, па нивната судбина е во рацете на социјалните служби на двете држави.

 Според информациите добиени од  медиумите Министерство за надворешни работи на Република Македонија изјавуваа дека децата на 24 Март ќе бидат депортирани во Македонија и дека патните налози на децата им биле издадена на 21.03.2011 година од надлежните шведски институции.
Од Шведското миграционо биро укажуваа на фактот дека децата немаат никаква основа за да останат во Шведска, затоа го контактирале Министерството за надворешни работи на Република Македонија и поради тоа треба да се депортираат во својата матична држава.

            Исто така, од Шведското миграционо биро известуваа дека се свесни за фактот дека станува збор за малолетни деца, па затоа нема да дозволат децата да бидат пуштени сами да патуваат и без да бидат прифатени откако ќе стигнат дома.

            Од Министерство за надворешни работи на Република Македонија уверуваа дека социјалните служби се подготвени да ги дочекаат децата, најпрво тие ќе бидат сместени во дом за деца без родители, а потоа ќе се согледа можноста да ги прифатат најблиските роднини или пак згрижувачки семејства.
 
Mногу експерти ги критикуваат шведските надлежни органи за ваквата одлука, а експертите за социјална работа укажуваат дека треба многу да се внимава во спроведувањето на овој случај за да не се повредат правата на децата, како и да не се запечати нивната судбина. Двајца шведски лекари  кои го следеа случајот и упатиле протест до генералниот директор на шведското миграционо биро, наведуваат дека е несватливо малолетните деца да бидат протерани без нивнатата мајка во држава која не ја познаваат и јазик кој не го зборуваат.

            „Верувам дека сум еден од оние кои имаат најдолго искуство во однос на вакви случаи и никогаш не сум видел нешто слично“.- изјавил шведскиот лекар Ларс Густавсон
            Со неверување за случајов е и адвокатот на децата Петер Хенриксон кој изјавил „ Тоа е несфатливо“.
 
            Првата детска амбасада во светот Меѓаши како меѓународна организација која се работи на полето на заштита на децата и нивните права по добиените информации веднаш писмено се обрати до:
 
1. Министерството за надворешни работи на Република Македонија до Одделението за конзуларни работи. Од таму добивме повратно одговор, со кое детално не информираат за случајот и за мерките што треба да ги превземе Министерство за надворешни работи што е во негова надлежност.  Не известија дека Полициската управа на областа Сконе побарала од Македонското Министерство за надворешни работи да издаде патни документи за реадмисија на Мукадес, Беса и Бесијан Арифи.
 
2. Писмено се побративме  и до Омбудсманот за деца во Шведска г-дин Фредрик Малберг, и го известивме дека сме информирани за случајот и истиот го следиме, и се надеваме дека одлуката која што ќе биде издадена за децата нема да ги загрози нивните права и ќе бидат во заштита на нивниот најдобар интерес како една од основните принципи на Конвенцијата за правата на детето.Отаму телефонски бевме информирани дека нема да ги депортираат децата во Република Македонија. Шведското миграционо биро ќе ја пеиспита одлукат и дека се одложува депортацијата на деца во Република Македонија.   
    
            По бурни изјави на експертите и жалбите на шведските лекари, се врши ново преиспитување на случајот. Откако процедурата била извршена, од страна на Шведското биро за миграција, на 23 Март 2011 година била сменета првобитната одлука односно одобрен е престој за малолетните Беса и Бесијан Арифи.
 
Англиска верзија
http://www.childsrights.org/html/site_en/