Почетна » Архива » 2011


П О В И К

           Првата детска амбасада во светот – Меѓаши спроведува Програма за мировно образование со цел промовирање на мирот и ненасилството. Мировното образование се темели на потребата од превенција на насилството и превенција на можни нови судири. На полето на превенцијата не се преземаат доволно активности во училиштата и тоа е една од причинините што младите од различни етнички групи се оптоварени со предрасуди, а тоа често завршува со конфликтни ситуации, тепачки, навредувања...а некои за жал со уште потешки последици. 
           

           Во рамките на оваа програма Првата детска амбасада во светот – Меѓаши ќе организира серија од 6 обуки за мировно образование, во текот на една и пол година. Во обуките ќе бидат вклучени и 6 младинци како идни мировни едукатори.  Обучените млади мировни едукатори по првата обука која е планирано да се одржи на почеток на септември 2011, ќе имаат задача волонтерски да организираат работа на младински клубови во 3 средни училишта на полето на градењето на мирот. Младите треба да организираат и иницираат и организираат различни активности како на пр. спортски активности, екскурзии, форуми, дебати, еколошки активности...

            Може да аплицираат млади на возраст од 18 до 25 години кои се мотивирани за ваков тип активности со пополнување на апликацијата која следува во прилог. Пополнетата апликација треба да се достави најдоцна до 21.08.2011. Сите заинтересирани за повеќе информации може да се јават на следнава маил адреса: peace@childrensembassy.org.mk или на телефоните: 02 2465 316 или 02 2463 900. Контакт лице: Катерина Конеска

Poveke informacii

Aplikacija